• Производи и системи
  • Дивизии
  • Центар за преземање
  • brand blue gradient

    Политика за колачиња

    Политика на колачиња

    Нашата веб-страница користи колачиња за да ви го обезбеди најдоброто можно онлајн искуство, со содржина што одговара на вашите интереси и да овозможи оптимална анализа на операциите на страницата.

    I. Што се колачиња?

    Колачињата се мали текстуални фајлови што се складираат на терминалниот уред на корисникот преку пребарувачот при посета на нашата веб-страница. Овие текстуални фајлови содржат информации со кои се обезбедуваат услуги што се едноставни за користење и кои ги читаат веб-пребарувачите. Колачињата ѝ овозможуваат на нашата веб-страница да го препознае посетителот за нашиот веб-сервер за да може да презентира поперсонализирана, подобра, побрза и поприспособена веб-страница. Некои од нашите веб-содржини може да не се пристапни ако корисникот ги блокира колачињата.

    Во основа, ги имаме следниве видови на колачиња:

    • Строго неопходни колачиња што се неопходни за да функционира веб-страницата и кои не можат да бидат онеспособени од корисникот. Тие обично се поставуваат како одговор на активностите преземени од корисниците (пр., одредување на преференциите за приватност, логирање или пополнување на обрасци).

    • Функционални колачиња што се користат за подобрување и персонализирање на функционалноста на веб-страницата.

    • Ефективни колачиња што дозволуваат да се одреди бројот на посетите и изворите на сообраќајот заради мерење и подобрување на ефектот на веб-страницата, вклучувајќи го идентификувањето на најмногу/најмалку посетените страници и оценување на начинот на којшто посетителите се движат низ веб-страницата.

    • Колачиња за маркетинг и насочување што се користат за градење профил за интересите на корисникот и за обезбедување релевантни реклами на други веб-страници.

    Колачињата исто така може да бидат постојани или времени. Таканаречените постојани колачиња складираат фајл на крајниот уред на одредено време се до истекувањето на рокот на колачето (или додека претходно не се избрише). Тоа значи, на пример, дека се помнат јазичните поставки за корисникот да не мора повторно да влегува таму при отворањето на нашата веб-страница.

    Таканаречената колаче-сесија го складира времено идентификаторот на сесијата додека корисникот е активен на веб-страницата. Тоа им овозможува да не мора повторно да се логираат, на пример при менувањето страници. Колчињата од сесија се бришат кога се одлогирате или ја губат својата важност штом сесијата ќе истече.

    Колачињата може исто така да се користат и како колачиња од трета-страна. Колачињата од трета-страна доаѓаат од провајдери различни од операторот на веб-страницата. Можат да бидат користени, на пример, за собирање информации за рекламирање, за приспособена содржина и за веб-статистика.

    II. Законска основа и употреба на колачиња

    Доколку сте се согласиле за примената на колачиња, особено за употребата на ефективни и насочувачки колачиња, ние ги обработуваме личните податоци врз таа основа.

    Во однос на неопходните колачиња, обработката се темели на нашиот легитимен интерес да ви го олесниме користењето на нашата веб-страница и да ја направиме нашата понуда и вашата комуникација пооптимална со нашата содржина. На пример,

    • користиме таканаречени незаменливи колачиња за да биде активна тековната сесија.

    • користиме колачиња за анализа на податоци. Тоа ни овозможува да видиме, на пример, како се прифатени нашите обрасци, колку посетители ги користат нашите страници или кои се најчесто користени веб-страници.

    • користиме колачиња од трета-страна за да го подобриме искуството со нашата содржина и реклами.

    III. Колачиња од трета-страна

    Некои провајдери од трета-страна поставуваат колачиња на вашиот компјутер, особено за да го регистрираат однесувањето на посетителите и да ја персонализираат понудата (вклучувајќи го и рекламирањето). Во зависност од платформата, неколку колачиња се поставуваат од провајдери од трета-страна. Можете да прочитате како провајдерот од трета-страна се справува со колачиња на соодветните страници на мрежата. Немаме никаква контрола врз колачињата од трета-страна. Затоа, препорачуваме да ги проверите соодветните веб-страници од трета-страна за да видите кои колачиња се користат и како може да се раководи со истите.

    IV. Управување со колачиња / откажување

    Колачињата се помнат на компјутерот на корисникот и оттаму се префрлуваат до нашата веб-страница. Корисникот може да има целосна контрола на користењето колчаиња. Со менување на поставките на веб-пребарувачот, може да се деактивира или да се ограничи трансферот на колачиња. Претходно запомнатите колачиња може да се избришат во кое било време. Најчесто, пребарувачот ја има следнава опција за поставки:

    • Види колачиња

    • Дозволи колачиња

    • Оневозможи ги сите или одредени колачиња

    • Оневозможи ги сите колачиња при затворање на пребарувачот

    • Блокирај колачиња

    • Извести ме кога се поставува колаче

    • Изземи ме од следење на веб-аналитика

    Ако се блокираат колачиња, корисникот нема да може да ги употребува некои области од нашата веб-страница.

    V. Тековно ги користиме следниве колачиња

    За информации поврзани со колачињата што ги користиме, за нивната намена и вид на колаче и колку долго тие се складираат, видете го нашиот Банер за колачиња.