New EVP photography UKKnauf - Background Image

Градете кариера со Knauf

Кариера во Knauf значи откривање на моќта на можностите.

Секој различно гледа на можностите. Knauf гледа можност во секого.

Веруваме дека можеме да оспособиме секого, од која било професија, со кои било вештини, да истражи што претставува за нeго можност. На тој начин, ги поддржуваме позитивните промени кои на крај резултираат со производи и начини на размислување кои може да направат разлика. Имаме големи планови за раст и амбициозна визија за тоа како производствената и градежната индустрија трајно да ги претвориме во одржлива сила.

Knauf е сѐ уште семејно поседувана и раководена компанија, а тоа значи дека нашите вредности и културата „луѓето пред сѐ“ ни се водилка во нашето работење. Работењето кај нас нуди нешто многу посебно: основа на семејни вредности во комбинација со глобален успех и влијание

KNAUF_LEAD_1920x1080_widescreen_SUB

Започнува со можност.

Без оглед на тоа во која фаза од вашиот професионален развој се наоѓате, ние сме посветени на поттикнување на индивидуалниот раст и создавање тимски успех. Придружете ни се и заедно можеме да му помогнеме на светот да гради попаметно, побрзо и поодржливо.

Нашите луѓе

Слушнете што имаат да кажат нашите луѓе за тоа што „можноста од Knauf“ значи за нив.

EVP Employee video_Q1_subtitled eng.

Опишете ја накратко вашата кариера во Knauf?

EVP employee video_Q2_subtitles eng

Која можност направи вистинска разлика за вас?

EVP Employee Video_Q3_subtitles eng.

Кои можности би сакале да ги имате во иднина?

Работни места во нашите претставништва.

Имаме неколку претставништва во вашата земја, при што секое од нив нуди различни можности. Ве молиме кликнете на секоја деловна област подолу за да видите повеќе информации за нивните понуди за кариера.

Најчесто поставувани прашања за кариера во Knauf

Knauf може да понуди огромен дијапазон на работни можности. Имаме неколку различни бизниси во вашата земја. Тие опфаќаат широка палета, од тимови вклучени во најсовремени проекти за дигитална трансформација насочени кон модернизирање и подобрување на одржливоста на градежната индустрија, па сѐ до нашите главни производствени погони каде се изработуваат висококвалитетни производи коишто се водечки на пазарот, како гипс-картон, изолации и тавански решенија. Кликнете на индивидуалните бизниси погоре за да ги видите слободните работни места на локално ниво.

Успехот на нашата компанија зависи од илјадници вработени кои работат заедно. Knauf се гордее со тоа што нуди стабилност и долготрајност на работните места и што секогаш го прави вистинското за своите вработени. Па така, без оглед во која фаза сте од вашата кариера или кои вештини може да ги понудите, во Knauf најчесто постои можност за вас.

Нашите вредности, нашата структура и нашата стратегија делуваат заеднички за максимално да го зголемат влијанието што може да го имаме како голема, глобална, производствена компанија врз светот што нѐ опкружува и во рамки на нашиот сектор.

Нашите вредности како приватен бизнис со семејна историја се длабоко втемелени во начинот на кој работиме, во секоја земја. Ние ги сфаќаме сериозно и се водиме според нив. Нашите вредности на претприемништво, човечност (општествена одговорност), партнерство и посветеност ги охрабруваат нашите луѓе да преземат иницијатива во средина која нуди поддршка за да се стремат кон остварување на она што сметаат дека е исправно.

Нашата децентрализирана структура овозможува секој регион и секое претставништво да избере свои сопствени области кои претставуваат најголема можност за остварување влијание. Тоа значи локално влијание со глобален размер.

И на крај, нашата стратегија. Ние веруваме во моќта на човечкиот дух за создавање позитивна промена и работа во насока на општото добро. Нашиот силен акцент врз еколошка одржливост и дигитална иновација за нашата индустрија докажува колку сме посветени кон остварување позитивни промени.

Ако и вие ги имате истите уверувања, тогаш дозволете ни да ви помогнеме таа позитивна енергија да ја преточите во позитивни промени на кои ќе може да бидете горди. Овде може да ги видите сите наши слободни работни места: https://career.knauf.com/

Знаеме дека сигурноста на работните места има висок периоритет во време на неизвесност.

Како компанија основана како семеен бизнис, нашата етика за правичен и достоен третман на нашите луѓе е одразена насекаде низ светот и повратните коментари од нашите тимови потврдуваат дека тие секојдневно се сведоци на тоа.

Нашето 90-годишно германско наследство во комбинација со нашиот статус на приватна компанија значи дека целокупното планирање е долгорочно и внимателно осмислено. Тоа нуди стабилност и безбедност на нашите луѓе.

Без разлика дали работите кај нас 20 години или 2 години, ние секогаш се трудиме да понудиме стабилна и сигурна кариера, па така, единственото прашање е.. која можност е следна за вас? Овде може да ги видите сите наши слободни работни места на глобално ниво: https://career.knauf.com/

Како глобална, децентрализирана компанија, секое од нашите претставништва има слобода да привлекува и вработува нови луѓе на начин кој најдобро одговара на нивните потреби и култура.

Од таа причина, не постои стандардна постапка за вработување, затоа што тоа зависи од работното место за кое аплицирате и во кое претставништво тоа се наоѓа.

Информации за нашите постапки за вработување и податоци за контакт од нашите тимови за човечки ресурси во секое од претставништвата може да се најдат на поединечните деловни страници погоре. Ве молиме погледнете ги тие страници.