shutterstock_314960816

Кнауф Академија

Професионална обука со Кнауф
Knauf Akademija

Почитувани колеги,

Сувата градба е постојано во тренд. Таа го постави своето посебно место во градежништвото.  Кнауф со своите системи поставува стандарди во областа на сувата градба со децении.  Развојот на градежништвото продолжува со несмалена брзина и бара од производителите постојано да држат чекор со развојот на новите технологии.  Кнауф, како иновативна компанија, постојано инвестира во понатамошен развој на системи за градење и го пренесува стекнатото знаење на своите партнери преку практични семинари.  Сувата градба одамна ги надминала своите првични граници на примена, денес ја преместуваме сувата конструкција од внатрешноста во надворешните и екстремно влажните простории со нашите иновативни производи и системи. На полето на заштита од пожари и звучна заштита, со доследниот развој и напредок на нашите докажани системи, се отвораат нови области на примена.  Искористете ја оваа иновативна моќ, обезбедете им на вашите соработници професионална обука на највисоко ниво. Искористете ја можноста да ги надминете вашите конкуренти по знаење.