Gradski bazeni Pula

Референтен објект - Градски базен во Пула

Градски базен Пула

  • Проект : Градски базен Пула
  • Архитекти :Urbis Architecture, Pula, Hrvatska
  • Завршување на проектот:2018.
  • Производи :AQUAPANEL® Cement Board Indoor AQUAPANEL® Cement Board SkyLite
  • Подрачје на примена: Надворешни тавани, внатрешни ѕидови и тавани
  • Вид на зграда: Спортски објект

Значајно место за спортови на вода во Хрватскиот град Пула – нов јавен базен, завршен во 2018 година.

Базенот се издвојува со елегантна фасада со впечатлив, покрив однадвор и совршени услови за пливање одвнатре - и двете овозможени благодарение на технологијата AQUAPANEL®.

Gradsk bazen Pula
Gradski bazen Pula
Gradski bazeni Pula
Gradski bazen Pula

Пула - град богат со историја и современи објекти

Пула е еден од најубавите крајбрежни градови на Јадранското Море во Хрватска, познат по своите плажи и богатата римска историја. Еден од најголемите проекти во градот неодамна е завршен, додавајќи уште една атракција во Пула. Спортскиот парк „Веруда“ сега има нов јавен базен кој нуди рекреација но и овозможува идеални услови за пливање и тренинг по ватерполо.

СПЕКТАКУЛАРЕН ПОКРИВ НАПРАВЕН СО ЦЕМЕНТНИ ТАБЛИ AQUAPANEL® SKYLITE

Архитекти од Urbis Architecture d.o.o. од Пула се соочи со неколку предизвици при проектирањето на зградата.Тие сакаа да имплементираат испакнат надворешен покрив со посебна геометрија која вклучува различни агли и долги падини. Им беше потребен лесен материјал што лесно може да се прилагоди на обликот на дизајнот, а воедно да биде многу отпорен на временските услови, близината до морето и солениот воздух. Решението го пронајдоа во цементните плочи AQUAPANEL® SkyLite. Овие панели се специјално дизајнирани за тавани и комбинираат многу мала тежина од само 10,5 kg/m² со висока издржливост и отпорност на влага и дожд - со лесно ракување.

ВИСОКА ФЛЕКСИБИЛНОСТ СО AQUAPANEL® CEMENT BOARD INDOOR

Внатрешната структура, исто така, налагаше да се најде решение кое ќе ги издржи типични сурови услови на базен: високи температури, многу висока влажност, повремен директен контакт со вода и изложеност на хлор. Серијата цементни плочи AQUAPANEL® беше вистинскиот избор за оваа задача бидејќи цементните плочи нудат оптимална отпорност, дури и против мувла и габи.

За внатрешната конструкција беа користени две различни решенија. Додека AQUAPANEL® Cement Board SkyLite ја искористи својата мала тежина во внатрешните делови на таванот, AQUAPANEL® Cement Board Indoor беше употребена за ѕидовите, главно поради лесното ракување и флексибилност. Можноста панелите да се свиткуваат во закривени форми, допридонесе истите одлично да се вклопат со тркалезните прозорци на зградата.

Двете решенија успешно придонесоа за прекрасно дизајниран и високофункционален спортски објект во Пула.