Training Centre Header

ОБУКИ

МЕЃУНАРОДЕН ТРЕНИНГ ЦЕНТАР

МЕЃУНАРОДЕН ТРЕНИНГ ЦЕНТАР

За КНАУФ групацијата образованието претставува високоценет фактор за успех. Како резултат на тоа, и во Aquapanel трансферот на теоретско и практично знаење е од големо значење. Од 2007 година ова начело - принцип има своја институција- Меѓународен центар за обука. Првично сместен во Iserlohn, подоцна преместен на локацијата на Кнауф Aquapanel - на аеродромот во Dortmund 2015 година. Модерниот, простран центар се користи за: обука на клиентите на Кнауф , како локација за Академијата Кнауф и како место за одржување конференции за целата КНАУФ Групација. Во првите две години на новата локација беа одржани повеќе од 200 обуки со над 2.000 учесници.

Центарот за обука нуди совршени услови благодарение на неговата идеална поврзаност, не само со аеродромот, туку и со главните автопати во регионот. Опремен е со најсовремена опрема, со сали за семинари со најсовремена конференциска технологија и просторија за практична примена соодветно прилагодена за потребите. Оваа работилница со својата посебна звучна излоација нуди можност  за ракување и тестирање на сите производи од категориите таван, ѕид, под и фасада. Дополнителните погодности вклучуваат конференциска сала, салон и простор за кетеринг , изложбен простор со типични модели на решенија , како и читална со стручна литература и брошури.

Training Carusel 1
Training Carusel 3
Training Carusel 2
Training Carusel 4
Training Carusel 6
Training Carusel 5

Добро опремените простории на Центарот за обука им овозможуваат на нашите партнери и клиенти да учествуваат во широк спектар на висококвалитетни семинари, кои секогаш се базираат на најновите случувања во градежниот сектор. Knauf Aquapanel GmbH & Co. KG им посакува топло добредојде на посетителите од целиот свет на курсеви за обука за AQUAPANEL® System. Агендата на центарот вклучува и различни теми од Knauf Aquapanel GmbH, вклучувајќи иновативни методи за реновирање, внатрешна изолација на дрвени згради, спречување на мувла, како и курсеви за подни системи и израмнувачки маси. Центарот организира  курсеви за сертификација за Knauf Exterior Wall за специјализирани компании, но и основни курсеви  за правна обука за занаетчии.Покрај обуката на лице место, Knauf Aquapanel редовно организира групни екскурзии до високо рангирани референтни објекти низ Германија, како што се Elbphilharmonie во Хамбург или Allianz Arena во Минхен. Покрај деталната содржина и преносот на професионално знаење, посетителите ја ценат и вредноста: размената на богатството од совети, трикови и корисни искуства, со колегите кои сепак најдобро се пренесуваат преку личен контакт - во Меѓународниот центар за обука на Flugplatz 21, 44319 Дортмунд.

Резервирајте ја вашата обука

Резервирајте ја вашата обука:

  • Преку е-маил: aquapanel.trainings@knauf.com
  • Контактирајте го нашиот тим