Во Кнауф AQUAPANEL® не води длабоко чувство на одговорност да созададеме одржлива иднина за идните генерации. Како дел од нашата долгорочна визија поставивме амбициозна цел да постигнеме нулта емисија на CO2 до 2025 година. Цврсто веруваме дека со превземање на проактивни чекори денес можеме да направиме значително влијание врз борбата против климатските промени и зачувувањето на нашата планета за идните генерации.
Намалување на директните и индиректните емисии до 2032 година
Разбираме дека итните интервенции се клучни за справување со климатските промени со кои се соочуваме. За да ги започнеме промените изготвивме сеопфатна стратегија за значително намалување на нашиот јаглероден отпечаток до крајот на 2032:
Кликнете за анимација : https://www.youtube.com/watch?v=EjN0Y8Qg7Y8
Посветени сме на намалување на нашите директните емисии за половина, преку воведување на значајни подобрувања во рамките на нашите сопствените производствени процеси , што вклучува воведување на иновативни технологии, оптимизирање на процесите и прилагодување кон нашиот начин на работа.
Со користењето на обновливите извори на енергија , нашата цел е да се редуцираат индиректната карбонска емисија во нашите најинтензивни процеси за 50% .
Индиректните емисии од синџирот на снабдување или суровините играат значајна улога каде што соработката е клучна за постигнување на нашите цели за одржливост. Со блиска соработка со нашите добавувачи и партнерски компании ќе поттикнеме поодржливи суровини и синџири на снабдување за да обезбедиме производи со многу помал CO2 отпечаток.
Како клучен дел од нашата посветеност за редуцирање на јаглеродната емисија, превземаме проактивни чекори за да ги трансформираме нашите цементни производи и да водиме на патот кон позелена иднина. Препознавајќи го влијанието на енергетски интензивните состојки врз животната средина особено експандираниот перлит или цемент, се впуштаме во сеопфатен процес на редизајн. Со користење на најсовремени истражувања и иновации, ги менуваме овие енергетски интензивни компоненти со алтернативи со помал јаглероден отпечаток. Оваа стратешка промена не само што ни овозможува значително да го намалиме јаглеродниот отпечаток на нашите производи, туку и ќе го одржиме, а потенцијално и ќе го подобриме квалитетот и перформансите што ги ценат нашите клиенти. Прифаќајќи ги овие решенија со намален јаглерод, возбудени сме што ги поставуваме темелите за поодржлива градежна индустрија, а воедно поттикнуваме позитивни промени во нашата борба против климатските промени.