Додека се збогуваме со 2023 година, ги поздравуваме исклучителните достигнувања на сите наши колеги од Кнауф Радика од Дебар. Нивната работа и стручност беа движечката сила зад нашиот успех во 2023 година.
Во годината обележана со предизвици и можности, нивната непоколеблива посветеност на работата беше инспиративна за сите нас.
На најдобрите тимови признанија за нивните постигнувања им додели генералниот директор Тодор Деловски заедно со комисијата во состав: Абди Доволани, Арбен Колари и Алма Кодра. Спред комисијата тимови кои постигнаа најдобри резултати се:
Предводен од Шкумбин Бегу, тимот на Профили во 2023 година покажа високи перформанси. Нивната посветеност за одржување на безбедна работна средина инивните напори значително придонесоа за целокупната безбедност.
Омер Ками и тимот на Лабораторија Мишерај не само што ги постигнаа, туку и ги одржаа највисоките стандарди за квалитет во текот на 2023 година. Нивното извонредно постигнување на барањата „0“ е доказ за нивната непоколеблива посветеност на квалитетот и извонредноста.
Тимот на Рудкоп, под водство на Рефик Имами и Џенета Зенго, заслужува посебно признание за нивното исклучително достигнување во надминувањето на целите за континуирано подобрување (CI). Нивната посветеност на извонредноста, особено во високите резултати постигнати во имплементацијата на методологијата 5S, не само што ги подигна перформансите на тимот, туку и постави репер кон кој се стремат другите.
Овие достигнувања навистина поставија нов стандард во нашата динамична индустрија и се извор на инспирација и мотивација за уште поголеми достигнувања во иднина.
#yearinreview #KnaufRadika #KnaufMacedonia #safety #ci #5s #sustainability