202510_Knauf_Truck-Mockup_AdobeStock_1554602084_Truck_02Knauf - Background Image

Општи услови при работење

Општи услови при работење

Со општите услови Друштвото со ограничена одговорност основано од едно лице КНАУФ ДООЕЛ Скопје (во натамошниот текст "продавач„) ги дополнува посебно договорените услови во сите дејности на продажба на материјалот од сопствената производна и продажна програма.

Одредбите на овие општи услови важат се додека не се заменат со други одредби кои мораат да бидат во писмена форма.

Продавачот ќе испорачува материјали согласно подолу наведените услови, кои се сметаат за прифатени од страна на купувачот и тоа од моментот на доставување порачка за купување материјал.

Порачување на материјал

Порачките купувачот ги доставува писмено, во електорнска форма, согласно актуелната пракса на компанијата во соодветен формат. Во доставената порачка мора да биде наведен точниот вид и број на производот, количината, начинот на плаќање и најава за утовар.

Цена

Доколку тоа поинаку не е договорено во писмена форма, за сите испораки на материјал од производната и продажната програма на продавачот, важат цените од ценовникот кој е важечки на денот на доставување на порачката.

Цените се изразени во денари, а се однесуваат на материjалот што се наоѓа во складот на продавачот во Дебар, утоварено на возило на купувачот, во стандардно фабричко пакување.

Рокови за испорака и испорака на материјал

Материјалот што го има на залиха продавачот ќе го испорача веднаш по добивањето порачка под услов купувачот да ги исполнил договорените услови за плаќање или осигурување на плаќањето, ако со истото е условена испораката на материјалот.

Материјалот што го нема на залиха продавачот ќе го испорача во рок, редовно потребен за негово набавување/призведување. Во случај порачаниот материјал да не може да го испорача во тој рок за истото писмено ќе го извести купувачот.

Преземање на материјал

Купувачот порачаниот материјал го презема од складот на продавачот.

Купувачот е должен за преземање на материјалот да прати лице овластено за преземање, а воедно е и согласен продавачот да го смета секое лице кое по налог на купувачот пристапи кон преземање на материјалот за овластено лице за истото.

Квалитативниот и квантитативниот прием на материјалот се врши во скалдот на продавачот во текот на утоварот на материјалот. Купувачот е должен сите видливи недостатоци на материјалот да ги пријави веднаш, за време на преземањето на материјалот. Од моментот на утовар сите ризици, вклучувајќи го и ризикот за случајно пропаѓање на материјалот, преоѓаат на купувачот.

Рекламации Купувачот е должен видливите недостатоци да ги рекламира веднаш при преземањето на материјалот, било да се работи за рекламација во поглед на квантитетот или квалитетот на материјалот.

Сите рекламации се доставуваат во писмена фоирма.

Скриените мани купувачот е должен да ги рекламира веднаш по воочувањето и рекламацијата да ја достави до седиштето на продавачот. Во рекламацијата мора да биде наведено:

- датумот на купување, бројот на фактурата, видот и количината на материјалот, - датумот на призводство на призводот кој се рекламира, а кој е втиснат на амбалажата на тој производ,

- името на овластените стручни лица кои го користеле/вградувале призводот кај кој се поравил недостатокот кој се рекламира.

Купувачот е должен да обезбеди примерок од материјалот потребен за испитување и утврдување на неговите пропишани својства.

Купувачот е должен да обезбеди доказ дека купениот производ од продавачот го користел согласно пропишаните упатства и да обезбеди пристап до објектот доколку материјалот е веќе вграден.

Продавачот не одговара за штети кои настанале со неправилно складирање или нестручна и неправилна употреба на неговите производи.

Начин на плаќање

Должничкиот однос настанува во моментот на испорака на материјал на купувачот (денот на утоварот во складот на продавачот) така да од тој ден течат роковите за доспевање на плаќањето. Доколку не е поинаку договорено, начинот на плакање е авансен. Во сите случаи за закаснување купувачот е должен без посебна опомена да плати законска затезна каматa.

Посебно предупредување

Продавачот го задржува правото на соственост на Материјалот и по незино предавање на купувачот, се додека купувачот не ја исплати во потполност цената.

Надлежност на судот

Во случај на спор надлежен е надлежниот суд во седиштето на продавачот.

КНАУФ ДООЕЛ Скопје
Декември 2025