Пливачки подови се подови кои не се потпираат директно на носечката конструкција, туку се одвоени од неа со звуко-апсорпциска изолација која што го пригушува звукот.
Овој слој се нарекува пливачки слој, апсорбер на звук или пригушувачки слој, а најдобро решение за него е камената минерална волна.
Штотуку се вративте од работа. Исцрпени од напорната работа, посакувате квалитетен попладневен одмор. И токму во моментот кога прилегнавте, вашиот сосед решил да преместува мебел, а неговите деца одлучиле да си играат во станот наместо на игралиштето.
Од тој момент, сите секојдневни проблеми стануваат помалку важни од несаканиот звук (бучава) кој допира во вашиот дом.
Овој тип на звук е познат како УДАРЕН ЗВУК или СТРУКТУРЕН ЗВУК и е карактеристичен за подови.
По подот се оди, се преместува мебел, паѓаат и удираат предмети кои создаваат ударен звук, а тој потоа се пренесува преку подот на околните ѕидови и понатаму низ конструкцијата на објектот.
На тој начин, ударите се слушаат и неколку катови погоре или подолу.
Најдобриот начин за решавање на проблемот со ударниот звук е токму од страната на изворот на бучава.
Интервенцијата само на спуштениот таван, во собата, директно под изворот на бучава, може да има некаков влијание на редукција на звукот, но вкупниот ефект ќе биде слаб. (Ова правило не важи единствено во случај кога долната просторија се изолира истовремено и по ѕидовите).
Решението лежи во пливачки подови со камена минерална волна.
Пливачки подови се подови кои не се потпираат директно на носечката конструкција, туку се одвоени од неа со звуко-апсорпциска изолација која што го пригушува звукот.
Овој слој се нарекува пливачки слој, апсорбер на звук или пригушувачки слој, а најдобро решение за него е камената минерална волна.
Камената минерална волна Knauf Insulation, како звучна изолација спречува пренос на звук низ градежните делови.
Причината лежи во влакнестата структура на камената минерална волна, која со посебниот распоред на влакната овозможува соодветна притисна цврстина (за да се избегне несакано слегнување и пукнатини поради притисно оптоварување) и потребната еластичност (делува како амортизирачки слој помеѓу кошулката и носечката конструкција).
Како термоизолационен материјал, камената минерална волна овозможува меѓукатната конструкција да биде изолирана во согласност со најновиот Правилник за енергетска ефикасност.
*Минималната дебелина на термоизолацијата во меѓукатната конструкција треба да биде 3 cm.
За време на експлоатацијата на објектот, неопходно е подот во меѓукатната конструкција трајно да обезбедува:
Звучна заштита - според стандардот SRPS U.J6.201 таваницата помеѓу два стана треба да го задоволи барањето за максимална вредност на нивото на ударен звук Lw од 68dB.
Топлотна заштита - во согласност со техничките услови на Правилникот за енергетска ефикасност на зградите, минималната дебелина на термоизолацијата во меѓукатната конструкција треба да биде 3 cm.
Заштита од пожар - предвидена со прописот за заштита од пожар; вградените материјали во подот, при евентуална појава на пожар, во текот на декомпозицијата на подот, не смеат да ослободуваат отровни гасови кои би ја зголемиле опасноста и би го отежнале спасувањето.