Контактна фасада со камена волна може да се изведе на нов или постоечки објект. Кај новите објекти ситуацијата е прилично едноставна и може веднаш да се започне со работа.
При реновирање, т.е. кај постојните објекти, пред започнување на работите, потребно е да се провери состојбата на постоечката фасада, користејќи методи кои воглавно им се добро познати на мајсторите.
Еве ги основните чекори за поставување на контактен фасаден систем со камена волна:
- Проверка со око, тропање, метода на гребење и парање, тест на квасење, испитување со израмнувач колку е рамна подлогата ...
- Нерамнините на површината на фасадата треба да се коригираат со малтерисување, а не со додавање на големо количество лепак при лепење на плочи од камена волна.
- Се поставуваат алуминиумски профили во ширина еднаква на дебелината на камената минерална волна. За постојните згради, тоа е минимум 8cm, а за новите минимум 10cm. Принципот е: колку е подебела изолацијата, толку е поголема заштедата.
- Се проверува хоризонталната нивелација на профилот, со цел да се создаде добра подлога за понатамошна инсталација на плочите; ако подлогата е нерамна, таму каде што е потребно се поставуваат дистанцери.
- Да се користат лепила наменети за камена волна, секој реномиран производител ги има во понудата.
- Во зависност од препораките на производителот на лепилото, плочата се импрегнира по рабовите или по целата површина (со нанесување на тенок слој лепак).
- Воздух не смее да циркулира помеѓу плочата и подлогата, па затоа е потребно да се нанесе слој лепак околу целата табла (т.н. рабна лента со ширина од околу 5 cm), како и во средината, во форма на т.н погачи, на 2-3 места, секоја со дијаметар од околу 15 cm. Вкупната покриеност со лепак треба да биде околу 40%. Само ваквото лепење обезбедува издржливост на фасадата. Изоставување на рабно лепење е најчеста причина за паѓање на фасадите при силни налети на ветер.
- Плочите од камена волна се лепат од долу нагоре, од почетниот профил, блиску една до друга.
- Вториот ред се поставува со поместување за 1/2 плоча.
- Да се обрати внимание на лепењето на плочите кај аглите, т.е. споевите на плочите да не се на аглите на објектот (треба да се направи таканаречен чешел), како и околу отворот (Најдобро е да се скрои плочата околу отворот, а да се избегнува спој на 2 плочи на тие места. На овој начин ги спречуваме пукнатините во аглите кои често може да се забележат кај непрофесионално изведените фасади).
- На отворот околу прозорецот да се залепат т.н. шпалетни елементи со дебелина од најмалку 2 cm.
- Поради својата тежина, камената волна мора дополнително да се прицврстува со типли наменети за камена волна (со челичен клин).
- Се препорачува најмалку 6 клинови на m2, односно по 3 на една плоча, а во рабните зони најмалку 8 парчиња/m2 поради посилното струење на ветрот.
- На сите агли и отвори задолжително се користат аголни профили со интегрирана мрежа, кои дополнително ја штитат изолацијата на овие чувствителни места.
- Мрежичката се втиснува 2 mm во претходно нанесениот лепак, и тоа така што да лежи во надворешната третина од дебелината на лепилото.
- Околу отворите на фасадата дијагонално се поставуваат парчиња стаклена мрежа за да се спречи создавање на пукнатини.
- На прозорците се препорачуваат окапни профил - заради одводнување на дождовницата.
- Нанесувањето на слој лепак врз плочите од камена минерална волна се врши со мистрија, од долу нагоре.
- Во горниот слој на свежо нанесен лепак (надворешна третина) се втиснува арматурна мрежичка (мрежичка од стаклени влакна), со преклопи од најмалку 10 cm.
- Кога претходно нанесениот лепак ќе се исуши, се пристапува кон нанесување на завршниот слој на лепакот за глетување.
- На овој начин добиваме рамна подлога за завршниот слој на фасадата.
- Вкупната дебелина на лепакот за стаклената мрежичка и лепакот за глетување треба да биде мин. 5 mm.
- Пред нанесувањето на завршниот слој, треба да се нанесе основен премаз (прајмер), откако лепилото за армирање и измазнување е целосно исушено; тој обезбедува добра адхезија на армирачкиот и декоративниот слој на фасадата.
- Декоративниот слој мора да биде силиконски, силикатен или силиконско-силикатен, т.е. компатибилен со камена минерална волна, во согласност со препораката на производителот.
Сите куќи не се исти! Knauf Insulation фасада со камена волна.
Погледнете како изгледа оваа куќа во Чачак (Србија), каде беше направена контактната фасада во 2017 година.