• Производи и системи
  • Оддели
  • Експертиза
  • Центар за преземање
  • Алатки и услуги
Renovierungs-Dach KombiPlan

Кос покрив

kos pokriv

Косиот покрив е дел од зградата што е неправедно запоставен кога станува збор за заштеда на енергија и заштита од бучава и од пожар.

Покривната конструкција е најизложена на атмосферски влијанија (дожд, снег, ветер, сонце...), затоа е потребно да се интервенира, односно квалитетно да го изолираме нашиот кос покрив.

ИЗОЛАЦИЈА НА ПОТКРОВЈЕ

Јован реши да го изолира поткровјето и на помош го повика мајсторот Нешо. Погледнете го ова видео упатство за изолација на поткровје чекор по чекор!

ТОПЛИНСКА ЗАШТИТА ВО ЗИМА

Општо познато е дека недоволно изолираната куќа оддава енергија преку обвивката, но помалку е познат фактот дека во најголем процент оваа енергија „протекува“ токму преку косиот покрив (30-35%).

Бидејќи стаклената минерална волна Knauf Insulation UNIFIT 035 има исклучителни термички својства (λ = 0,035W/mK), препорачуваме овој производ да биде дел од термоизолацијата (заедно со камена минерална волна), со што ќе обезбедите пријатен комфор во Вашето поткровје.

Стаклената минерална волна Knauf Insulation се произведува според револуционерната ECOSE® технологија, врз основа на која го доби сертификатот Eurofins gold. Овој сертификат потврдува дека просториите изолирани со нашата стаклена минерална волна имаат висок квалитет на внатрешниот воздух, што е дополнителна препорака за овој производ.

ЗАШТИТА ОД ПРЕКУМЕРНО ЗАГРЕВАЊЕ ВО ЛЕТО

Камената минерална волна Knauf Insulation се карактеризира со висока густина, а со тоа и висок капацитет на апсорпција и задржување на топлина.

Оваа карактеристика на камената минерална волна ѝ дава предност во однос на другите материјали за топлинска изолација, бидејќи го намалува влијанието на високите надворешни температури, со што се спречува прекумерното загревање во лето.

ЗАШТИТА ОД ПОЖАР

Кога ќе избувне пожар, конструкцијата на покривот е особено ранлива. Затоа, изолациските материјали, покрај многуте други барања, подлежат и на барања за висок степен на безбедност во поглед на заштита од пожари.

Кнауф изолациските материјали од стаклена и камена минерална волна имаат највисока класа на реакција на пожар - А1, што значи дека се негориви.

Високата точка на топење на материјалот од камена волна од над 1000°C нуди најголема безбедност во случај на пожар.

МИР И ОДМОР

Бучавата од авионите, патниот сообраќај или од соседното градилиште може на значително да ја наруши удобноста на живеењето. Камената минерална волна Knauf Insulation, како звучна изолација го спречува преносот на звукот низ градежните елементи. Причината лежи во влакнестата структура на камената минерална волна.

LDS sistem
LDS sistem
LDS sistem

LDS СИСТЕМ

Овој енергетски ефикасен систем обезбедува максимална удобност во вашето поткровје и заштедува енергија. Предноста на системот LDS се огледува во супериорната топлинска заштита (комбинација од камен и стаклена волна), која дополнително се подобрува со одличното заптивање и заштитата од влијанието на ветерот.

Препорачани производи

Упатства за примена