Зошто Urbanscape решенија за пејзажна архитектура?
Индустријата за уредување на околината постојано се развива за да се обезбеди поквалитетен раст на растенијата, отпорност на еколошки стрес и контрола на ерозија на почвата.
Освен тоа, аспектот на одржливост на решенијата за просторно уредување поврзани со зачувување на водата станува сè поважен.
Можноста за задржување на водата е една од главните предности на иновативниот Urbanscape систем за просторно уредување, за да се одговори на предизвиците на управување со водата.
Urbanscape е иновативен, лесен систем едноставен за поставување, со висок капацитет за задржување на вода, особено дизајниран за уредување на подрачја како украсни градини, паркови, голф терени и зазеленување на падини.
Urbanscape зелениот супстрат во ролна е изработен од природни влакна на камена минерална волна со врвни својства за апсорпција и задржување на водата.
Својствата можат дополнително да се подобрат со распрскување на честички кои одлично апсорбираат вода во филцот од камена минерална волна. Честичките обезбедуваат дополнителен простор за чување на вода и ја ослободуваат кога е потребно.
Супер апсорбирачките честички исто така ја штитат водата од испарување и испирање, кога температурите се високи, што Urbanscape супстратот го прави најпогоден за одгледување на растенија и во најтешките околини. Позитивното влијание на ширење на корените последователно води до подобро размножување и раст на растенијата.
Висока апсорпција на вода
Urbanscape супстратот овозможува брза и долгорочно стабилна, постојана апсорпција и задржување на вода. 1m супстрат од 2cm дебелина апсорбира 17 литри дождовница. Во зависност од видот на локалната клима и/или временската сезона, може да се зачува до 75% вода!
Посилни растенија
Поради високото ниво на апсорпција на вода и ѓубриво со Urbanscape супстратот, обезбедени е порано цветање и подолги периоди на цветање.
Растенијата брзо се опоравуваат и по долги сушни периоди.
Лесно поставување
Urbanscape супстратот е лесен и едноставно се поставува!
Одржливост
Urbanscape супстратот е изработен од различни смеси на камен кои се достапни во природата. Лесната отворена структура на производот го поттикнува ширењето на корените и растот на растенијата.
Намалена фреквенција на наводнување
Urbanscape супстратот обезбедува соодветната количина на вода да е подолг временски период достапна за коренот на растенијата.
Потребата за дополнителен систем за наводнување е значително намалена.
Подобар раст на корените
Водата достапна во резервоарите создадени од Urbanscape супстратот обезбедува правилен раст на корените на растенијата и нивното големо распространување.
Помала потрошувачка на ѓубриво
Urbanscape супстратот гo врзува ѓубривoтo со водата во мали резервоари, за да се обезбедат повеќе основни хранливи материи кои се неопходни за растот на растенијата.