Надворешниот ѕид го изолираме одвнатре само кога тоа е единствената опција, односно кога поставувањето на изолацијаод надворешната страна на ѕидот е невозможно или исклучително тешко.
Доколку сте донеле одлука изолацијата да ја направите внатре, ви го предлагаме следното решение, т.н ѕидна облога.
На постојниот надворешен ѕид се поставува метална Кнауф потконструкција за поставување на гипс-картонски плочи и се пополнува просторот помеѓу профилите со минерална волна (NaturBoard FIT-G PLUS камена волна или Akustik Roll стаклена волна). Димензиите на обата производи се прилагодени да се вградуваат помеѓу профилите на потконструкцијата.
После тоа, мора да се постави парна брана (Homeseal LDS 35) над волната, за да се спречи нагло навлегување на водена пареа во изолацискиот слој и несакани појави како кондензација и непријатни мириси.
По поставувањето на парна брана се поставуваат гипс-картонски плочи кои се обработуваат согласно правилата дефинирани за овој тип на ѕидна облога (бандажирање, глетување, бојадисување).
Доколку изолацијата на вашиот надворешен ѕид се изведе на овој начин, нема да имате никакви негативни последици, дури покрај основниот мотив (а тоа е топлинската изолација) ќе добиете и значително подобрување на звучната изолација од надворешните бучава, што е специфика на решенијата со минерална волна како изолациски материјал.