• Производи и системи
  • Оддели
  • Експертиза
  • Центар за преземање
  • Алатки и услуги
Steel_Partition_Lifestyle_Cutaway

Вградување на изолација во преграден ѕид

Упатство низ слики

Pregraden zid

На рабните профили, пред монтажа, нанесете соодветна заптивна лента или кит за да се осигура еластичен спој на профилите со страничните ѕидови, подот и таванот.

Потоа рабните профили на спојките зацврстете ги со соодветни елементи за зацврстување. Вертикалните профили на потконструкцијата поставете ги на осно растојание од 60 – 62,5 cm помеѓу подниот и таванскиот рабен хоризонтален профил (според упатството на производителот).

Pregraden zid

Поставете гипс-картонски плочи на една страна од ѕидот. Плочите се зацврстуваат со завртки за вертикалните профили на потконструкцијата, на одредено растојание.

Потоа поставете ги сите потребни инсталации предвидени со проектот.

Pregraden zid

Другата страна од ѕидот исто така обложете ја со гипс-картонски плочи и на тој начин затворете го ѕидот.

Pregraden zid

Завршната обработка на ѕидот е во согласност со намената на просторијата и според упатството на производителот на гипс-картонските плочи.

Правилниот избор на конструкцијата и материјалите за преградниот ѕид не се доволна гаранција дека и остварената заштита од бучава ќе биде на задоволително ниво.

Затоа, при изведбат треба да се внимава да не дојде до појава на звучни мостови. При тоа, посебно внимание треба да се посвети на правилната изработка на спојките на преградниот ѕид со таванот, страничните ѕидови и подот (согласно упатството на производителот на гипс-картонските плочи).

Препорачани производи