• Се врши инспекција на покривот кој треба да се изолира и се проверува неговата статика.
• Се избира соодветен тип и дебелина на изолацијата.
• За заштита на термичката изолација се прават патеки за пристап до покривот.
• Во зависност од условите во внатрешноста на објектот (греан или негреан простор), се избира тип на парна брана.
• Изолацискиот слој се монтира на рамна сува површина.
• Се монтира и прицврстува хидроизолациската мембрана за покривот, преку камената волна.
• Препорачуваме минимален наклон од 2%.
• Се обрнува внимание на монтажата, за да не се оштети заштитната фолија ниту термичката изолација.
• Се проектира доволен број и соодветни големини на отвори за одвод.
• Работите се вршат само кога е суво и по соодветно време.
• Може да се вградува само сува и неоштетена камена минерална волна.
• Подлогата на која се поставува волната исто така мора да биде сува.
• Препорака е изолациските плочи од камена минерална волна да се поставуваат во два слоја (таму каде што проектот и условите на изведба го дозволуваат тоа), со преклоп за половина плоча во однос на плочата од долниот слој и по должина и по ширина, со цел да се елиминираат или намалат губитоците на топлина, односно да се елиминираат топлинските мостови. Во тој случај, SmartRoof плочите со поголема механичка отпорност треба да се поставуваат во горниот слој на системот на сложениот покрив.
• Производите SmartRoof Base и SmartRoof Base 2 можат да се вградуваат исклучиво во долниот слој и не можат самостојно да бидат дел од системот на сложениот покрив.
• Доколку се поставува систем на сложен покрив на покривите на негреани простори во еден слој, препорака е да се користи производ со двослојна густина (SmartRoof Thermal 2) поради подобрите карактеристики на точкасто оптоварување.
• Мора да се обезбеди поставување на патеки за одење доколку е потребно вршење на транспорт на стока преку поставената термоизолација од камена волна.
• Проектантот предлага несоодветно решение на структурата на покривот, користејќи како изолација погрешен тип на минерална волна (техничките параметри на проектираниот производ не можат да се справат со условите на користење на објектот), или редењето на слоевите и функцијата се лошо концепирани.
• Намалување на дебелината на термичката изолација. Поради ова, може да дојде до големи губитоци на енергија и намалена функционалност на структурата на покривот во смисла на неговата намена.
• Користење на неадекватни типови на плочи и структури што доведува до намалена функционалност и заптивност на структурата на покривот.
• Вградување на влажен производ и/или оштетување на производот поради недостаток на патеки за одење.