Подземни гаражи во згради, складишни простори или подруми се главно негреани и неизолирани делови на објектите. Сепак, овие се важни структурни делови на зградите, чие изолирање може да ја подобри енергетската ефикасност на целиот објект.
Неизолираните тавани предизвикуваат губење на топлинска енергија од греаните горни катови. Најефикасното решение е топлинската изолација на ладните тавани, при што остваруваме заштеда на енергија, ги намалуваме трошоците за греење и значително го зголемуваме топлинскиот комфор во просториите над негреаните простории, додека во самиот негреан простор добиваме подобрен акустички комфор и заштита од пожар.
CLT Thermal ламели од камена минерална волна се елегантно решение за таванот на вашата гаража. Имаат засечени рабови под агол од 45º степени, што дава ефект на оптичко "поравнување" во случај таванската површина да не е идеално рамна. Ламелите се целосно хидрофобизирани - не впиваат влага од околината.
Се лепат директно за таван со Lamella FIX лепак и не е потребно дополнително типлување. Во зависност од одбраниот систем, на ламелите се нанесува внатрешна дисперзивна боја Lamella COLOR (за Standard решение), додека ламелите кај Premium решението веќе поседуваат површинска обработка со боја и не е потребен дополнителен третман, освен во случај на посебни барања за различна боја. Lamella PRIMER е подлога која се нанесува во случај таванската површина да е исклучително мазна и впивлива и служи како врзивен мост помеѓу таванската подлога и лепењето на ламелите од камена минерална волна CLT (C1) Thermal.
Поради фактот што при монтажа не е потребно нанесување малтер, типли и арматурна мрежа, изолациската конструкција е лесна и визуелно атрактивна, а вашата гаража заштитена од бучава и пожар.
Во зависност од барањата и можностите на инвеститорот, Knauf Insulation нуди два системски решенија, Premium и Standard.
PREMIUM СИСТЕМ
Premium системот се состои од 3 елементи:
1. CLT C1 Thermal ламела од камена минерална волна, со вертикално ориентирани влакна и засечени рабов и под агол од 45º степени, што придонесува за атрактивноста на таванот. Производот е еднострано третиран со силикатен премаз и не е потребна негова дополнителна обработка, со што се намалува времето на монтажа.
2. Lamella FIX лепак за лепење на ламелите, се нанесува по целата должина на ламелата.
3. Lamella PRIMER е подлога која се нанесува во случај таванската површина да е исклучително мазна и впивлива и служи како врзивен мост помеѓу таванската подлога и лепењето на ламелите од камена минерална волна CLT (C1) Thermal.
Предности на Premium системот:
STANDARD СИСТЕМ
Standard системот се состои од 4 елементи:
1. CLT Thermal ламела од камена минерална волна, со вертикално ориентирани влакна и засечени рабови под агол од 45º степени, што придонесува за атрактивноста на таванот.
2. Lamella FIX лепак за лепење на ламелите, се нанесува по целата должина на ламелата.
3. Lamella COLOR дисперзивна внатрешна боја, се нанесува во еден или два слоја на надворешната површина на ламелата по нејзиното лепење.
4. Lamella PRIMER е подлога која се нанесува во случај таванската површина да е исклучително мазна и впивлива и служи како врзивен мост помеѓу таванската подлога и лепењето на ламелите од камена минерална волна CLT (C1) Thermal.
Предности на Standard системот:
Барањата за топлинска изолација на ладните тавани варираат во зависност од разликите во температурата во просториите под и над изолираниот таван, што е директно поврзано со намената на овие простории. Стандардно, ако CLT Thermal ламелата исполнува само задача за топлинска изолација на ладните тавани, нејзината дебелина се движи од 50-240 mm, во зависност од градежните барања за конструкцијата.
Минералната волна е одлична изолација од студ и бучава, а истовремено е негорлив материјал. Во споредба со други видови топлинска изолација, нејзината предност е пожарната сигурност – не гори и не придонесува за ширење на пламенот, и припаѓа на класата реакција на пожар A1. Поради сето наведено, минералната волна е идеален материјал за изолација на затворени простори, каде што ја зголемува отпорноста на таванските и носечките конструкции на кои се користи.
Влакнестата структура и оптималната густина на минералната волна ја зголемуваат звучната изолација и акустичкиот комфор во просторот во кој се наоѓа, апсорбирајќи ја постоечката бучава. Се намалува ехо ефектот во просторот и се зголемува разбирањето на говорот.
Од естетска гледна точка, ламелите можат да се редат не само поместено за половина плоча, туку оставаат простор за креативност. По монтажата, не е потребна нивна дополнителна обработка. Сепак, ако имате зголемено барање за естетскиот изглед на таванот, ламелите можат дополнително да се бојадисуваат со силикатен премаз, во бои по желба на инвеститорот.