Сендвич фасадниот ѕид сè уште е еден од омилените избори на проектантите и инвеститорите, пред се поради можноста за користење на разни видови тули како надворешен масивен елемент на ѕидната конструкција, како и едноставните опции за поставување на камена облога како финален декоративен елемент на фасадата.
Кога станува збор за сендвич ѕид, дополнителна предност е термичкиот комфор во лето. Поради својата маса и добри термички својства, комбинацијата на камена волна, основните елементи на ѕидниот систем и надворешниот ѕид спречува топлината да влезе во објектот.
Минералната волна во системите на вентилирани сендвич ѕидови нуди клучна предност - водената пареа непречено се пренесува преку ѕидниот систем во вентилираниот слој, без несакани појави како кондензација. Во случај на невентилиран сендвич ѕид, потребно е да се постави активна парна брана на внатрешната страна на изолацијата, помеѓу внатрешниот ѕид и камената волна.
Сендвич ѕидните конструкции на фасадни ѕидови со камена минерална волна како изолационен материјал се одличен избор кога станува збор за звучна заштита од надворешна бучава. Звучната заштита се должи на големата маса на ѕидната конструкција во комбинација со извонредните карактеристики на камената волна како исполна.
Предноста на сендвич ѕидовите од аспект на трајност и квалит е изразено масивната ѕидна конструкција (тула, камен, облога), така што долговечноста на фасадната површина е загарантирана.
Уште во раните фази на проектирање на сендвич ѕид, неопходно е да се предвиди начинот на потпирање на надворешната обвивка според висината на зградата: во подножјето треба да се предвиди темел со соодветна ширина, а во ниво на меѓукатната конструкција и над отворот на фасадата, треба да се предвиди бетонски испуст или конзоли од нерѓосувачки челик.