Улогата на потконструкцијата е да ја носи надворешната фасадна обвивка и да го пренесе оптоварувањето настанато од ветерот врз носечката конструкција. Носечката конструкција механички се прицврстува на потпорниот ѕид, според упатството на производителот на фасадата.
Плочите од минерална волна ги поставуваме блиску една до друга, без празнини меѓу нив. Секоја плоча ја прицврстуваме на подлогата со барем еден типла во средината на плочата. Треба да се користат специјално дизајнирани типли за вентилирани фасади. Видот, должината на типлите, како и начинот на вградување целосно да бидат според упатствата на производителот на типлите. Наша препорака е типла DH.
Современиот начин на градба препорачува употреба на паропропусни-водонепропусни фолии специјално дизајнирани за вентилирани фасади, со што се зголемува водоотпорноста и UV-стабилноста (кај фасадни облоги со отворени споеви) како и отпор на струењето на воздух по површината на плочите (особено кај високи згради и згради каде што се очекува силно струење на воздух во вентилацискиот слој).
Во случај кога носечката потконструкција е поставена пред да се постави фолијата, фолијата се крои и се поставува вертикално помеѓу профилите, а преку волната, од долу кон горе. Доколку поставувањето на потконструкцијата се планира подоцна, фолијата може да се постави и хоризонтално над волната, исто така од долу нагоре. Преклопите на фолиите треба да бидат најмалку 10 cm, а фолијата се лепи со помош на интегрираната леплива лента и дополнително однадвор со универзална леплива лента. Исто така, потребно е дополнително типлување преку фолијата, со две типли по панел, по W распоред. Препорачаниот број на типли над фолијата е минимум 5/m2, а во рабните зони е потребно да се зголеми бројот, заради посилното струење на ветрот.
Изборот на фолија и леплива лента зависи од тоа дали завршната обвивка има затворени или отворени споеви:
Ширината на вентилацискиот слој е минимум 2 cm (општо според препораките на производителот на фасадата).
Улогата на овој слој е да ја одведе водената пареа од објектот како и водата која евентуално може да навлезе низ спојниците на фасадната обвивка.
Во лето спречува навлегување на топлина во внатрешноста на објектот, а во зима претставува дополнителен топлински изолатор.
Го дефинира визуелниот изглед на објектот и може да биде од: стакло, мермер, камен, алукобонд, со отворени или затворени споеви.
Улогата на овој слој е да штити од сонце, дожд и други атмосферски влијанија.
Исто така, овој слој го прима и го пренесува врз носечката потконструкција оптоварувањето настанато од ветрот, а на фасадата на објектот ѝ дава автентична естетика.