Зелените покриви се совршено решение за создавање на зелена површина врз секаков вид подлога. Бројни се предностите што ваквите покриви ги обезбедуваат за јавниот, приватниот, економскиот и општествениот сектор. Една од предностите е естетскиот аспект на зазеленувањето, кој секако е поделикатен кога зборуваме за коси покриви во споредба со традиционалните рамни зелени покриви.
Поради поголемата видливост, косиот зелен покрив секако привлекува поголемо внимание. Но, кога станува збор за проектирање на зелен покрив, наклонот е предност. Техничките карактеристики ќе варираат во зависност од регионот, климата и дизајнот на зелениот покрив. Во споредба со рамните покриви, косините зелени покриви задржуваат помалку вода.
Количината на влага од врвот до дното на покривот варира. Токму заради ова, оптималната распределба на влагата на кос покрив е еден од главните предизвици при проектирање на зелен покрив. Друг предизвик е да се спречи лизгање. Најкритична компонента е системот што ги држи култивирачкиот слој и самата вегетација на место, првенствено во раните фази на развојот на покривот. Дренажниот слој може да биде потенок и поедноставен бидејќи дождовницата побрзо се одлева од покривот.
Urbanscape® Системите на коси покриви се осмислени така за да ги решат споменатите предизвици. Поради високиот капацитет за задржување на вода што го поседува култивирачката подлога Green Roll, системите Urbanscape® обезбедуваат порамномерна распределба на водата во споредба со класичните коси покриви со супстрати базирани на земја.
1. Urbanscape® прекривач со мешавина на растенија од родот Жедници
2. Urbanscape® Green Roll 4cm
3. Urbanscape® дренажен систем со или без резервоар
4. Urbanscape® противкоренска мембрана (се препорачува кога хидроизолациската мембрана нема противкоренски својства)
5. Хидроизолациска мембрана со противкоренски својства
6. Конструкција на покривот
7. Носач на профили
Освен тоа, поради малата тежина и во исто време високиот капацитет за складирање вода со рамномерна распределба, Urbanscape® системите на зелени покриви се одлично и сигурно решение за сите покриви со наклон до 45°.
1. Urbanscape® прекривач со мешавина на растенија од родот Жедници
2. Супстрат за зелен покрив со мала тежина
3. Urbanscape® држач на супстрат
4. Urbanscape® Green Roll 4cm
5. Хидроизолациска мембрана со противкоренски својства
6. Конструкција на покривот
7. Носач на профили