ADV Ecose KIBG 1

Knauf Insulation минерална волна со ECOSE® Technology

ECOSE® Technology е иновативна технологија на врзивно средство без додаден формалдехид, заснована главно на брзо обновливи материјали наместо на хемикалии на база на нафта.

За производство на минералната волна со ECOSE® Technology е потребна помалку енергија отколку за производство со традиционално врзивно средство.

ECOSE® Technology е развиена за изолација од стаклена минерална и камена минерална волна, но нуди исти потенцијални предности и на други производи каде што замената на врзивното средство би била предност.

Ecose

Како функционира ECOSE® Technology во производството на минерална волна?

Претворањето на био-материјалите во инертен полимер во рамките на заштитен процес, ECOSE® Technology се користи за создавање на исклучително цврсто врзивно средство кое ги спојува влакната на минералната волна.

Ова револуционерно научно откритие му овозможи на Knauf Insulation да го замени традиционалното врзивно средство во своите производи со врзивно средство без додаден формалдехид.

ECOSE® Technology – иновативната технологија сега и во производството на камена минерална волна

По успешната примена во производството на стаклена минерална волна од 2009 година, Knauf Insulation од 1 јануари 2016 година ја воведе ECOSE® Technology и во производството на камена минерална волна.

Производите од минерална волна со ECOSE® Technology не се слични на друга изолација – тие се земјено кафени, боја која е добиена без додавање на вештачки бои, пигменти или акрили. Во исто време, тие одлично ги комбинираат топлинските и звучните изолациски карактеристики, како и механичките карактеристики со највисока класа на реакција на пожар – A1 (негорливи материјали).

Ecose kamena volna

Високо ниво на одржливост

Поради високата содржина на рециклирани суровини, врзивното средство кое троши помалку енергија во сопственото производство и нема додаден формалдехид, минералната волна со ECOSE® Technology придонесува за подобрување на општата одржливост на зградите во кои е вградена.

Зелена градба

Производите од минерална волна Knauf Insulation придонесуваат за вкупниот рејтинг на објектите во најчесто применуваните рејтинг системи за зелена градба (LEED и BREEAM). Нашата минерална волна со ECOSE Technology дополнително ја подобрува категоризацијата на објектите – вградувањето на Knauf Insulation минерална волна носи дополнителни поени благодарение на биоразградливото врзивно средство без формалдехид (ECOSE Technology) - “Indoor Air Quality (LEED и BREEAM)” и “Rapidly renewable materials (LEED)”.

Квалитет на внатрешниот воздух

Нашата камена минерална волна е наградена со сертификатот Indoor Air Comfort Gold Standard Certificate како дел од Eurofins Indoor Air Comfort Gold стандардот за тестирање и сертификационен програм – што значи дека камената минерална волна со ECOSE® Technology придонесува за подобрен квалитет на внатрешниот воздух во просториите каде што е вградена.

Иновативност

Технологијата на нашето врзивно средство, ECOSE® Technology, е револуционерна промена во индустријата на изолациски материјали.

Полесна за ракување

Врзивното средство на база на био материјали ги прави нашите производи помеки, па самите се полесни за ракување, сечење и вградба.

Мирис

Нашата минерална волна со ECOSE® Technology е со неутрален мирис, затоа што не содржи додаден формалдехид.

Цена

Задржана е истата цена за производите Knauf Insulation од минерална волна новата генерација со ECOSE® Technology.

Производен погон

Производството на Knauf Insulation минерална волна со ECOSE® Technology во сите наши фабрики ширум Европа е сертифицирано со клучните меѓународни стандарди од серијата ISO:

  • ISO 9001:2008 Систем за менаџмент на квалитет,
  • ISO 14001:2007 Систем на управување за заштита на животната средина,
  • OHSAS 18001:2007 Систем на управување за заштита на здравјето и безбедноста на работа,
  • EN ISO 50001:2011 Системи за управување со енергија.

Изложеност на работното место

Нашата камена минерална волна со ECOSE® Technology е произведена без додавање на формалдехид.

Усогласеност со европските и националните стандарди

Со преминот на производство со ECOSE® Technology, воведуваме нова генерација на минерални волни во процесот на градење и поставуваме темел за повисоко ниво на одржливост на нашиот градежен фонд.

Нашите производи имаат унапредени карактеристики во споредба со традиционалната минерална волна Knauf Insulation, а истовремено се усогласени со сите барани европски и национални стандарди за изолација од минерална волна, како и со групата стандарди ISO Систем за менаџмент на квалитет.

Нашите производствени погони се сертифицирани со стандардите од серијата ISO.

CE oznaka

Производите со ECOSE Technology ги поседуваат следниве сертификати:

CoCoP – Сертификат за константност на перформансите, во согласност со регулативата за градежни производи на Европскиот парламент и Советот 305/2011/EU, потврдува дека сите одредби во врска со проценката и верификацијата на перформансите опишани во анексот ZA на стандардот EN 13162:2012+A1:2015 се применети под системот 1 и дека клучните својства на реакцијата на пожар за производите ги исполнуваат сите пропишани барања.


DoP – Изјава за својствата е клучен дел од Регулативата за градежни производи. Секој градежен производ кој припаѓа на хармонизиран европски стандард мора да има Изјава за својствата и мора да биде сертифициран со CE знак.


EUCEB – претставува потврда од независно тело со која се гарантира дека производите ги задоволуваат критериумите за некарциногени материјали, односно материјали кои не се штетни за здравјето.

Што е минерална волна со ECOSE® Technology?

Knauf Insulation минералната волна наменета за изолација е произведена од суровини кои ги има во изобилство во природата и/или рециклирани суровини, а нејзините влакна се сврзани со користење на био-технологија без додавање на формалдехид, фенол, акрил, како и без додавање на вештачки бои и пигменти.

Што е ECOSE Technology?

ECOSE® Technology е иновативна технологија за врзивно средство без додаден формалдехид, заснована на брзо обновливи материјали наместо на хемикалии на база нафта. Во производството на врзивното средство со ECOSE® Technology се користи помалку енергија отколку во производството на традиционално врзивно средство, со што се постигнува помал негативен влијание на животната средина. ECOSE® Technology е развиена за изолација од стаклена и камена минерална волна, но нуди исти потенцијални предности и на други производи каде што замената на традиционалното врзивно средство би била предност.

Како функционира ECOSE Technology?

Претворањето на био-материјали во инертен полимер во рамките на заштитен процес, ECOSE® Technology се користи за создавање на исклучително цврсто врзивно средство кое ги спојува влакната на минералната волна. Ова револуционерно научно откритие му овозможи на Knauf Insulation да го замени традиционалното врзивно средство во своите производи со врзивно средство без додаден формалдехид.

Што е врзивно средство?

Врзивното средство ECOSE® Technology има иста функција како и врзивното средство на база на фенол-формалдехид кај конвенционалните производи од минерална волна; тоа ги врзува влакната истовремено обезбедувајќи цврстина, долговечност и еластичност кои ги бара индустријата за изолациски материјали. Ова револуционерно научно откритие го елиминира формалдехидот и фенолите кои се наоѓаат во традиционалните врзивни средства кои се користат во разни индустриски процеси.

Од што се состојат овие био-материи?

Во основата на новото врзивно средство се наоѓа растителен скроб, кој се претвора во инертен полимер за време на процесот на производство на нашата минерална волна.

Дали минералната волна со ECOSE Technology е поскапа?

Не. Knauf Insulation нуди широк спектар на своите производи со ECOSE® Technology по истата цена која ја има и нашата традиционална минерална волна, обезбедувајќи притоа подобри карактеристики на производите по истата цена.

Како можам да ја препознаам минералната волна произведена со ECOSE Technology?

Производите се издвојуваат по боја и пакување. Изработена со помош на новата технологија, минералната волна се издвојува со препознатлива земјено-кафеава боја. Брендот и логото на ECOSE® Technology јасно се видливи на проѕирното пакување кое се користи за минералната волна произведена со ECOSE® Technology и служи за да бидете целосно сигурни дека одбраниот производ на Knauf Insulation не содржи додаден формалдехид, акрили, феноли ниту вештачки бои.

Дали кафеавата боја е природна сама по себе?

Да. Вештачки бои, пигменти или избелувачи не се додадени. Земјено-кафеавата боја се појавува за време на процесот на производство на минералната волна.

Што подразбирате под „полесна за ракување“?

Новата минерална волна е полесна за употреба затоа што е помека на допир, исто така е без мирис и содржи помалку прашина, и лесно се сече.

Велите дека новата минерална волна е помека на допир и содржи помалку прашина во однос на традиционалната минерална волна. Дали сè уште е неопходна заштита од иритација на кожата при работа со неа?

Да. Бидејќи новата минерална волна спаѓа во категоријата изолациски производи од минерална волна за која се потребни мерки на претпазливост, претходната заштита е добредојдена. Стандардната заштитна опрема подразбира долги ракави и ногавици, работни ракавици и во некои случаи заштитни очила и маска за еднократна употреба (сето ова е назначено и на пакувањата во вид на пиктограми).

Зошто производите изработени со помош на ECOSE Technology се поодржливи во однос на стандардните достапни производи?

Сите Knauf Insulation производи се сами по себе одржливи – содржат висок процент рециклирани и обновливи материи и при употреба заштедуваат стотици пати повеќе енергија отколку што е потребно за нивното производство. Производите со ECOSE® Technology обезбедуваат уште повисоко ниво на одржливост затоа што:

  • Се произведуваат од суровини кои се наоѓаат во природата и/или рециклирани суровини, а нивните влакна се врзани користејќи био-технологија без додавање на формалдехид, феноли, акрили, вештачки бои и пигменти;
  • Придонесуваат за подобар квалитет на воздухот внатре во просториите во споредба со традиционалната минерална волна бидејќи не содржат додаден формалдехид или фенол;
  • Имаат дополнителна предност поради употребата на новото врзивно средство, кое троши и до 70% помалку енергија во сопственото производство во однос на традиционалните врзивни средства и затоа го намалува негативниот влијание врз животната средина;
  • Намалена е емисијата на штетни материи за време на производството и изложеноста на работниците на работното место, а општата одржливост на зградите во кои се користат производите со ECOSE® Technology е подобрена;
  • Конкурентни се по цена со нашата традиционална минерална волна, олеснувајќи ја трансформацијата на пазарот во правец на одржлива градба.

Зошто е одбрана ECOSE Technology, ако постојните производи се сметаат за одржливи?

Одржливоста се однесува и на постојано унапредување и поместување на техничките граници. Сметаме дека секогаш постојат можности за подобрување. Овој голем напредок е резултат на нашата петгодишна интензивна програма за истражување и развој за да ја исполниме нашата желба да обезбедиме иновативни производи за нашите потрошувачи кои ќе ги задоволат растечките потреби на пазарот за одржливи градежни материјали — и посветеноста на целата наша компанија за поголема одржливост во сите аспекти на нашето работење.

Што е формалдехид и каде се наоѓа?

Формалдехид е безбоен, отровен гас со силен мирис. Сепак, формалдехидот во минимални количини може да се најде во канцелариите, вашиот автомобил или дома. Обработеното дрво кое го користиме во своите домови и мебел се врзува со смола на база на формалдехид. Во нашите автомобили, уретанот и обработената пластика се користат како компоненти кои содржат формалдехид како клучен составен елемент. Дури и синтетичките влакна во спортската облека содржат формалдехид во текот на своето производство.

Дали е формалдехидот опасен?

Поради широката употреба, токсичноста и испарливоста, изложеноста на формалдехид е значајно прашање кога се работи за човечкото здравје. Европската унија го вбројува формалдехидот во супстанциите кои претставуваат опасност за човечкото здравје поради потенцијалните канцерогени влијанија, но во врска со кои нема соодветни податоци за да се изврши задоволително оценување.

Формалдехидот е вброен во потенцијалните канцерогени елементи за човечкото здравје од страна на Агенцијата за заштита на животната средина на САД (EPA). Според Агенцијата за заштита на животната средина, формалдехидот може да предизвика солзење на очите, печење во очите и грлото, мачнина и отежнато дишење кај некои луѓе кои биле изложени на неговото дејство во висока концентрација (повеќе од 1,0 делови по милион). Високите концентрации можат да предизвикаат астматичен напад кај луѓето кои боледуваат од астма.

Што значи одредницата „не содржи додаден формалдехид“?

Одредницата „не содржи додаден формалдехид“ значи дека формалдехидот не се користи во производството на врзивниот елемент за овие производи и дека тој не се додава во ниту еден момент за време на процесот на производство. Новото врзивно средство со ECOSE® Technology не е произведено со додавање формалдехид или хемикалии од кои се прави формалдехид. Како што е и ринфузната минерална волна без додаден формалдехид, сега и новата минерална волна исто така не содржи додаден формалдехид. Недодавањето на формалдехид исто така значи дека нема емисии на формалдехид од врзивното средство за време на процесот на производство на изолацијата, било во надворешната средина или во работната околина во затворен простор.

Зошто е подобро да се користат производи кои не содржат додаден формалдехид?

Иако голем број тестирања што ги покренале независни стручни лаборатории во многу држави покажале дека производите од минерална волна се занемарлив извор на формалдехид во зградите и дека затоа не претставуваат ризик за вработените, работниците кои се занимаваат со вградување или корисниците на објектите, употребата на ECOSE® Technology ќе го елиминира формалдехидот од синџирот на снабдување и ќе ја зголеми довербата во користењето на минералната волна.

Дали формалдехидот придонесува за подобрени карактеристики на изолационите производи од минерална волна?

Не, формалдехидот не придонесува за термичките или акустичките карактеристики ниту за квалитетот на производите од минерална волна.

Какви се карактеристиките на минералната волна со ECOSE Technology во однос на традиционалната минерална волна?

При тестирање во согласност со изолационите стандарди како EN 13162 и ASTM C665, стаклената и камената минерална волна со ECOSE® Technology имаат исти карактеристики како и традиционалните производи од стаклена и камена минерална волна Knauf Insulation, со дополнителна предност што се полесни за манипулација. Исто така, одделни производи од новото портфолио на сурдуличката фабрика ќе имаат подобрени карактеристики.

Какви тестирања поминале производите од минерална волна Knauf Insulation со ECOSE Technology?

ECOSE® Technology се развиваше пет години преку истражување и развој и прво беше воведена во стаклената минерална волна во 2009 година. Во текот на тој период, производите беа подложени на обемна и строга евалуација за да се утврди нивното влијание врз животната средина и прифатливоста на употребата.

Тестирањата укажуваат дека производите со ECOSE® Technology ги подобруваат веќе одличните карактеристики на конвенционалните производи од минерална волна. Како и сите производи на Knauf Insulation, новите производи се во согласност со (регионалните и меѓународните) важечките стандарди, како што се стандардите за здравствена заштита и заштита на работа, сертификација за квалитет за производи од минерална волна и CE знак за Европа, како и критериумите ‘Underwriters Laboratories’ (UL) и GREENGUARD™ во Северна Америка.

Која е гаранцијата за производите од минерална волна со ECOSE Technology?

Гаранцијата е иста како и за нашите конвенционални производи од стаклена и камена минерална волна.

Што сметате под „подобрена долговечност“?

Со текот на времето, стаклената минерална волна со ECOSE® Technology има подобар учинок во декомпресирањето на производите во споредба со традиционалната минерална волна. Компактноста на производите од минерална волна со ECOSE® Technology е многу подобра во споредба со традиционалната минерална волна од сите густини; загубата на затезната цврстина кај стаклената минерална волна со ECOSE® Technology со текот на времето е значително помала во споредба со традиционалната минерална волна, особено кај производите со помала густина. Тестовите за стареење на камената минерална волна со ECOSE® Technology покажаа подобри резултати во однос на традиционалната камена минерална волна.