shutterstock_2151801189

Ново, одржливо пакување

Reduce, Reuse, Recycle

Одржливоста отсекогаш била важна за Knauf Insulation.

Нашите решенија штедат енергија, ги намалуваат емисиите и создаваат подобри градби.

Сепак, важно е секој сегмент на нашите производи да биде под лупа за постојано да наоѓаме нови начини да направиме повеќе со помалку — од нашите решенија, преку производите до пакувањата што ги користиме.

Нашите пакувања можат да се рециклираат 100% и се најодржливи досега, но не престануваме да бараме нови начини како да ја намалиме употребата на суровини и повеќе да рециклираме.

Odrzlivo pakuvanje

Намалување на употребата на суровини

Нашата стратегија за одржливост За подобар свет не обврзува до 2025 година да ја намалиме употребата на нова пластика во пакувањата за 25%.

Намалено печатење

Го намаливме обемот на печатење врз пакувањето на 18% и ја ограничивме употребата на бои на максимум две.

Помалку нова пластика

Се обврзавме да ја намалиме употребата на нова пластика за минимум 25% до 2025 година и да ја замениме со рециклат, без негативно влијание на издржливоста на пакетите, ракувањето и ефикасноста на транспортот.

Во моментов, 25% од нашите фабрики воведоа пакување со 30% рециклат, а во тек се тестирања и во останатите фабрики, за сите да почнат да користат рециклат во 2024 година.

Заштеда на простор

Користиме технологија за компресија на нашите производи од стаклена минерална волна што овозможува да се транспортираат повеќе палети со помалку камиони.

Ова е важно бидејќи помалку камиони и поминати километри значително ја намалуваат потрошувачката на гориво и емисиите на штетни гасови.

Ова исто така овозможува повеќе испорачани кубици и помалку потребен простор за складирање на производите.

Намалување на дебелината

Постојаните подобрувања во компресијата на производите и оптималната дебелина на пакувањето бараат фино балансирање.

Иако е важно да се користи помалку пластика, многу е важно пакувањето да биде доволно силно за да издржи висока компресија, лоши временски услови и долготрајно складирање.

Нашите тимови за истражување и развој работат на утврдување на идеалното ниво на дебелина на пакувањето што ќе им обезбеди на клиентите одлична услуга, истовремено придонесувајќи за нашите цели за одржливост.

На пример, нашите колеги од одделот Technical Solutions ја намалија употребата на пластика за 27% користејќи потенка пластика, без да го загрозат квалитетот на пакувањето.

Odrzlivo pakuvanje

Како користиме суровини за пакување

Една од обврските на стратегијата За подобар свет е да се соберат и вратат назад 35% од дрвените палети што се користат за дистрибуција на нашата камена и стаклена волна, за да се репарираат и повторно да се користат.

Важноста на повторната употреба

Во Европа секоја година се користат 25 милиони м3 дрво за пакување и палети, а животниот век на палетата е до седум години.

И Европската Унија ја истакна важноста на повторната употреба како еден од начините за подобро управување со суровините, а едно нејзино истражување покажува дека од 1м3 дрво можат да се направат 22 палети, додека со истиот кубик дрво можат да се репарираат дури 150 палети.

Повторната употреба на дело

За да палетата го искористи својот максимален животен век, мора да постои обврска палетите да се репарираат и повторно да се користат секогаш кога е можно.

Во Франција, на пример, од 2021 година вративме и репариравме 19.000 палети, а во Бенелукс и Германија околу 15.000 во истиот период.

Во Сурдулица во истиот период репарирани и повторно употребени се околу 2.500 палети и на тој начин се зачувани 100 кубици дрво.

Odrzlivo pakuvanje

Како рециклираме

Рециклирањето на сите нивоа е дел од плановите на Knauf Insulation во приближувањето кон циркуларната економија – од рециклирање на отпадната волна од производството, преку рециклирање на остатоци од волна од градилиштата, до рециклирање на пакувањата.

Рециклирање на пакувањата собрани од пазарот

Нашите пластични пакувања можат 100% да се рециклираат. Во рамките на стратегијата за одржливост За подобар свет се обврзавме да вратиме и рециклираме меѓу 25% и 50% од нашата пластична фолија до 2025 година.

Зголемување на содржината на рециклат

Нашата стратегија до 2025 година исто така не обврзува да ја намалиме употребата на нова пластика за повеќе од 25% и да го зголемиме уделот на рециклирана пластика во нашите пакувања од 15% до 30% каде што е можно.

Користењето на 30% рециклирана пластика во нашите пакувања може да ги намали емисиите на јаглерод во производството на пакувањата до 25%.

Постигнување на циркуларна економија

Нашите напори да ја намалиме употребата на суровини, да рециклираме и повторно да користиме сѐ што можеме, придонесуваат за нашата крајна цел - да постигнеме циркуларна економија и да го намалиме отпадот и испраќањето на депонија на нула.

Досега постигнавме значајни резултати. Нашата дивизија за производство на дрвена волна веќе не испраќа отпад на депонии, како и бројни наши фабрики за камена минерална волна.

Сепак, постигнувањето на оваа цел на ниво на целата компанија глобално е долг пат што бара постојани подобрувања и ние на тој пат постојано наоѓаме нови начини да го намалиме отпадот.

На пример, во Белгија изградивме постројка за рециклирање на минерална волна што ќе го претвора отпадот од нашите фабрики и од градилиштата во суровини потребни за производство на нова минерална волна.

Покрај тоа, се обврзавме да користиме повеќе рециклат во нашите рецептури и поставивме цели за камена волна – повеќе од 25% рециклат, а за стаклена волна – повеќе од 65% рециклат.Top of Form