Knauf-Insulation-Glass-Roll-Combicut-Texture1

КАКО ДА СЕ ИЗВЕДЕ ПЛИВАЧКИ ПОД СО КАМЕНА ВОЛНА

Забелешка: Сите транспортни патишта преку камената минерална волна мораат да бидат обезбедени со привремени патеки за одење.

Plivacki pod

1. По ободот на ѕидовите се поставуваат рабни ленти од камена минерална волна. Тие ќе ја одвојат цементната кошулка од ѕидовите и со тоа ќе го спречат пренесувањето на ударниот звук од подната конструкција на ѕидот и понатаму во останатите простории.

* Забелешка: евентуалното малтерисување на ѕидовите се изведува пред поставувањето на пливачката подна конструкција.

Plivacki pod

2. Потоа на носечката подлога се поставуваат плочи од камена минерална волна (ПОД СТАНДАРД, ПОД ПЛУС или ПОД ЕКСТРА – во зависност од намената на просторијата), збиено една до друга.

* Забелешка: задолжително обезбедете транспортни патишта преку камената минерална волна со привремени патеки за одење за да не дојде до точкасти оштетувања на камената волна.

Plivacki pod

3. Преку камената минерална волна треба да се постави парна брана, Homeseal LDS 35, со преклоп од 10-15 cm. Со парната брана треба да се одвојат и рабните ленти од цементната кошулка така што фолијата ќе оди преку нив.

Plivacki pod

4. Преку парната брана се нанесува слој од мокар естрих кој треба да биде армиран (армирана цементна кошулка мин. дебелина од 4 cm). Свежо поставената кошулка треба да се заштити следните 7 дена од директно сончево зрачење, провев и механички оптоварувања.

Чекорење не се препорачува пред да поминат три дена. На крајот на целосно сувата кошулка се поставува завршна подна облога по желба (паркет, ламинат, керамички плочки и сл.).Top of Form

POD STANDARD