Издржливи внатрешни решенија што нудат енергетски перформанси, противпожарна безбедност и акустиka, за побезбедни, потивки и подолготрајни објекти.
Клучно е домовите во кои живееме, училиштата каде ги образуваме нашите деца и канцелариите каде работиме да бидат безбедни и удобни простори. Просториите со голема фрекфенција на луѓе , редовно чистење и секојдневната употреба на просторот може да остават трага на ѕидовите околу нас, затоа е важно материјалите што ќе ги изберете да бидат трајни.
Нашите внатрешни ѕидни решенија обезбедуваат апсорпција на звукот за поголема удобност и концентрација таму каде што е најпотребно. Нудиме ѕидни решенија со гипсени плочи специјално дизајнирани за издржливост во влажни средини, како што се базени. Воедно, обезбедуваме акустична изолација за ѕидови што нуди енергетски перформанси и поседува највисоки класификации за реакција на пожар Euroclass A1 (негорливи) или A2 (со ограничена горливост) согласно EN 13501-1.
Нашиот технички тим е тука да ве води низ секој чекор од процесот.
Производи за внатрешни ѕидови што обезбедуваат енергетски, акустички и противпожарни перформанси во широк опсег на средини.
Самите изолациски производи не обезбедуваат намалување на звукот; намалувањето се постигнува само доколку се употребат во целосен системи или конструктивни елементи. Затоа, сите наведени бројки за намалување на звукот се однесуваат на изграден систем (на пр. преграден ѕид или меѓукатна конструкција), а не на плоча или ролна за изолација.