Кнауф градбата интензивно ја заменува ѕидаријата во модерните објекти. Изградбата на домови и простор за работа денес се изведува побрзо, а просторот секогаш може брзо и економчно да се адаптира на новите функции кои му се потребни на корисникот. Фазите за сушење на градежните материјали се целосно елиминирани, празните одови се одбегнати, а координацијата на работата полесна и поточна.
Споредбена анализа на изведба на ѕидови во Кнауф и традиционална градба.
Анализата е направена на простор за пример, од стан со спална и детска соба, кујна и трпезарија, бања, тоалет и јутилити-соба.
Кнауф градба | Масивна градба |
|---|---|
Пократко време на изведба на ѕидот | Повеќе време за транспорт на поголеми тежини |
Побрзо спроведување на инсталациите низ ѕидот (без штемање) | Повеќе работа за луѓе и машини |
Побрзо вградување на прекинувачи и штекери | Крути врски, непогодни за звучна и теримчка изолација |
Без влажни фази на вградување (лепење) | Многу потребно време за штемање и санација на водови за инсталации |
Побрзо глетување и боење | Водењето на инсталациите и штемањето, непогодно се одразуваат на статиката на масивните ѕидови |