• Производи и системи
  • Оддели
  • Експертиза
  • Центар за преземање
  • Алатки и услуги
Knauf-Insulation-Glass-Roll-Combicut-Texture1

Контактна фасада

kontakta fasada

Надворешниот ѕид, како еден од градежните елементи од кој се состои објектот, остварува топлинска заштита на објектот која има за цел да ги заштити неговите корисници од недоволна или прекумерна топлина, од атмосферски влијанија, од продирање на ветер, прашина и загаден воздух.

Исто така, задача на овој ѕид е да создаде удобни услови за престој, односно да обезбеди добра акумулативност на топлина, за да не се наруши чувството на удобност поради ненадејна промена на режимот на греење или ненадејна промена на надворешната температура.

zid izolacija mineralna volna 3d tekst

ЅИДОТ ДИШЕ - ПАРОПРОПУСНОСТ

Колку пати сте чуле: ја изолиравме куќата, ги заменивме старите прозорци со нови ПВЦ прозорци кои одлично дихтуваат, ја дочекавме грејната сезона, а тогаш се случи шок: мувла и габички се појавија на ѕидовите!

Како е тоа можно?

Можеби поважно прашање е: дали е можно тоа да се избегне?

Секако, доколку за изолациски материјал изберете камена минерална волна, ќе се овозможи дифузија на водената пареа низ ѕидовите - како што велиме тука во Македонија „ѕидовите дишат“.

Камената волна ја нуди оваа можност - како за постоечките така и за новите објекти.

ТОПЛИНКСИ КОМФОР

Камената минерална волна е врвен топлински изолатор.

Благодарение на структурата на материјалот, отворената порозност, камената волна ни овозможува да имаме топлинска удобност во куќата во зима (ја задржува топлината внатре во куќата), а и во лето (ја спречува топлината да влезе во куќата).

Познато е дека топлинската удобност првенствено зависи од дебелината на вградената изолација - според новите прописи потребно е во фасадата да има 12 cm камена волна за новите, а минимум 8 cm за постоечките објекти.

ЗВУЧЕН КОМФОР

За непријатниот звук што доаѓа однадвор размислуваме само кога ќе го слушнеме во собата.

Ако веќе сме ја направиле изолацијата, доцна е за поправки.

Но, доколку за изолација на фасадните ѕидови изберете камена волна, не треба да се грижите за ова, бидејќи покрај топлинска изолација за ист трошок добивате и звучна изолација.

Гласниот сосед и автомобилската бучава од улицата веќе нема да бидат проблем. Ви останува само да уживате во вашето топло и мирно катче.

ТРАЈНО РЕШЕНИЕ

Колку долго може да трае фасадниот систем?

Одговорот е дека ќе трае се додека се во функција сите елементи на контактната фасада (изолациски материјал, лепила, фасаден малтер...).

Доколку за изолација изберете камена минерална волна, воопшто не треба да се грижите за нејзината трајност!

Камената волна е природен материјал кој се добива со топење на камен, кој, како што на сите ни е познато, е долговечен материјал. Доколку е правилно поставена, трае исто колку и самата зграда.

ПОНИСКИ СМЕТКИ ЗА ГРЕЕЊЕ И ЛАДЕЊЕ

Ставивте сè на хартија и ви се чини дека инвестицијата е прескапа.

Пробајте да направите нова пресметка: пресметајте колку сте плаќале за греење во зимските месеци.

Со вградување на висококвалитетна изолација од камена волна, со дебелина од на пример 10 cm вашите трошоци ќе се намалат за минимум 50%!

Помножете ја оваа заштеда на месечна основа со 12 месеци, а потоа со пр. 5 години и ќе согледате дека оваа инвестиција практично се исплаќа само преку заштедата!

И не заборавајте ги другите погодности што ги добивате (звучна изолација, здрава клима во просторијата, незапалива фасада, ѕидови што дишат, долговечност).

Сите куќи не се исти!

Фасада со камена волна

Сите куќи не се исти! Knauf Insulation фасада со камена волна.

Препорачани производи

Упатство за примена