• Производи и системи
  • Оддели
  • Експертиза
  • Центар за преземање
  • Алатки и услуги
shutterstock_1518716075

Рамен покрив

Ramen pokriv

Рамниот покрив во последните 50 години е апсолутно доминантен избор на тип на покрив за деловни, индустриски и деловно-станбени објекти.

Адекватно проектиран и изолиран покрив има позитивно влијание на животниот век на зградата, нејзината енергетска ефикасност, како и на комфорот и безбедноста на нејзините корисници.

Ramen pokriv

Рамниот покрив овозможува дополнителна површина која во секој случај е функционална, бидејќи на неа можат да се сместат поплочени тераси и зелени површини, а најчесто и инсталациона опрема.

Предуслови за успешна реализација на рамниот покрив се:

  • оптимално проектирање
  • избор на соодветна термоизолација

СООДВЕТНА ТЕРМОИЗОЛАЦИЈА – КАМЕНА МИНЕРАЛНА ВОЛНА

За изолација на рамни покриви се препорачува примена на камена минерална волна со зголемена притисна цврстина. Камената волна како термоизолатор во системот на слоевит рамен покрив игра многу важна улога. Покрај тоа што го изолира внатрешниот простор и овозможува непречен премин на водена пареа, таа го штити од пожар внатрешниот простор, материјалните добра и лицата кои се во него.

Во нашето портфолио, производите за рамни покриви го носат името SmartRoof. Плочите SmartRoof можат да се постават на сите типови покривни конструкции: армирано-бетонска плоча, лесна монтажна таваница, трапезоиден лим, дрвена конструкција и друго.

Над системот на рамниот покрив може да се постават различни типови баласт (чакал, декинг, керамика, кулир плочи) за потребите на проодност, како и систем на зелен покрив (Urbanscape).

ТЕРМИКА НА РАМНИОТ ПОКРИВ

Правилникот за енергетска ефикасност на зградите дефинира максимални вредности на коефициентот на премин на топлина – Umax кои е потребно да ги задоволат елементите на топлинската обвивка, а рамниот покрив е секако дел од обвивката. За рамни покриви, максималната вредност на коефициентот на премин на топлина е Umax=0,15 W/m2K. Со производите SmartRoof, оваа вредност се постигнува со 24 cm дебелина на камена минерална волна:

  • НОВИ ОБЈЕКТИ – За рамен покрив над греен простор е потребно да се вгради мин. 24 cm термоизолација од камена минерална волна.
  • ПОСТОЈНИ ОБЈЕКТИ (енергетска санација) – За постојни објекти е потребно да се вгради мин. 18 cm термоизолација (се зема во предвид и постојната изолација ако ги задоволува потребните карактеристики на термика и трајност).

Дебелината на применетата камена волна има пресудно влијание на обемот на загуба на топлина на позицијата на рамниот покрив. Потребната дебелина на изолација за вашиот покрив може да ја пресметате преку нашиот софтвер KnaufTerm2 Pro или можеме да го направиме тоа за вас како услуга. Од резултатите на пресметката произлегува и степенот на кондензација на водена пареа, според кој го одредуваме типот на фолија која ќе го контролира продорот на водена пареа во системот на рамниот покрив.

ЗАШТИТА ОД ПОЖАР

За пожарот и неговите катастрофални последици обично размислуваме дури кога е доцна, т.е. кога тој веќе се случил. Затоа е неопходно да размислуваме однапред, за решенијата кои ги проектираме и изведуваме да пружат соодветна заштита од пожар и да спречат загуба на човечки животи и материјална штета.

Системот на слоевит покрив со камена волна пружа отпорност од пожар на највисоко ниво, во споредба со останатите системи на рамни покриви.

Ова го докажуваат Извештаите за испитување на слоевит систем на рамен покрив на институтот IMS и тоа:

  • Пожар ОДНАТРЕ – отпорност кон пожар на покривната конструкција во траење од
  • Пожар ОДНАДВОР – покривен покривач, отпорност кон пожар во траење од

ТИПОВИ НА РАМНИ ПОКРИВИ – СПОРЕД ПРООДНОСТ

Производите SmartRoof се погодни за различни структурни варијанти на рамниот покрив. Секој производ има различни, уникатни карактеристики, кои се препорачуваат за одредени случаи. При изборот на соодветниот производ се води сметка за типот на проодност на рамниот покрив: непрооден или прооден.

Izolacija na ramen pokriv

За непроодни рамни покриви (на кои се излегува повремено за одржување на покривот, инсталациите или системите), препорачани производи се:

Izolacija na ramen pokriv

За проодни рамни покриви (кои се користат за редовна експлоатација и престој), препорачани производи се:

ПРЕДНОСТИ НА СЛОЕВИТ СИСТЕМ НА ПОКРИВ

БРЗИНА НА МОНТАЖА – Монтажата на покривот од слоевит тип е лесна и брза (искусен и добро обучен тим може да изведе и до 1.000m2 слоевит покрив дневно!)

ТЕРМИЧКИ БАРААЊА – Дебелината на термоизолацијата во согласност со Правилниците за енергетски перформанси на зградите, од 24 cm нагоре, не претставуваат ограничување кај слоевит покрив: дебелината на термоизолацискиот слој на камената волна може произволно да се зголемува.

РАМНОСТ НА ПОДЛОГАТА – Кај системите на слоевити покриви проблемот на денивелација и растојанија се лесно се регулира, како во носечкиот слој (трапезоиден лим), така и во останатите слоеви (термика или завршна хидроизолациска мембрана).

НАКЛОН НА ПОКРИВОТ – Покривот со хидроизолациска мембрана може да биде практично рамен (т.е. со минимални наклони кон местата за одвод на вода) со што се добива на корисен простор (висина) на објектот и се штеди на носечката челична конструкција.

Padovi na ramni pokrivi

РЕШАВАЊЕ НА НАКЛОНИ – КЛИНОВИ – Нудиме услуга на проектирање на потребните наклони со компонирање на претходно дефинирани елементи од камена волна (т.н. клинови). Ова решение подразбира помало оптоварување на конструкцијата на покривот со слоеви за наклон како и значително побрзо и полесно изведување. Сè за клиновите прочитајте тука.

ТИП И ГОЛЕМИНА НА КОНСТРУКЦИЈАТА НА ПОКРИВОТ – Кај слоевитиот систем, големината и типот на конструкцијата на покривот не се битни, бидејќи мембраната е исклучително еластична и секој слој во системот дилатира независно. На тој начин имаме непрекината хидроизолација на целокупната површина на покривот. Дилатациите на конструкцијата на објектот со слоевит покрив се решаваат многу лесно поради исклучителната еластичност на мембраната (пукање при истегнување при издолжување од околу 300%).

ГАРАНЦИИ – Производителите на завршните мембрани даваат долгорочни гаранции на системите на слоевитиот покрив.

Препорачани производи

Упатства за примена