• Производи и системи
  • Оддели
  • Експертиза
  • Центар за преземање
  • Алатки и услуги
KR-KI-Commercial-Wall-Image-1

Преграден ѕид

ADV Sound KIBG 1

Сувомонтажните преградни ѕидови мораат да бидат проектирани и изведени така што, покрај звучната заштита, ќе обезбедат и функционално раздвојување на просторот со осигурување на потребната заштита од пожар, како и топлотна заштита, доколку раздвојуваат греана од негреана просторија.

Преградните ѕидови претставуваат основен начин за заштита од воздушниот звук во зградите.

Zvucna izolacija na pregraden zid

ЗАШТИТА ОД ВОЗДУШЕН ЗВУК

Звукот кој настанува и се пренесува преку воздухот (гласен говор, музички уреди, ТВ и слично) го нарекуваме воздушен звук.

Изолациските својства на сувомонтажниот преграден ѕид во принцип ги одредуваат:

- Тежината на облогата.

- Меѓусебното растојание на облогите како и самата потконструкција.

- Квалитетот на споевите на сувомонтажниот преграден ѕид со таванот, страничните ѕидови и подот.

- Апсорпцискиот материјал кој го исполнува просторот помеѓу облогите, т.е. изолацискиот материјал со влакнеста структура чија вредност на отпорност на струење на воздухот r мора да изнесува најмалку 5 kNs/m4.

Apsorpcija na zvuk

Процентот на звучната енергија која ќе се апсорбира во изолацискиот материјал генерално зависи од:

- Дебелината на слојот на вградениот изолациски материјал

- Густината на вградениот изолациски материјал

- Затоа се препорачува растојанието помеѓу облогите целосно да се исполни со изолациски материјал со поголема густина.

ПОДОБРУВАЊЕ НА ИЗОЛАЦИЈАТА НА ПОСТОЕЧКИОТ МАСИВЕН ЅИД

Кога во просторијата до вашата, од која сте одделени со ѕидан ѕид со недоволна звучна заштита, се наоѓа извор на бучава, т.е. несакан звук (на пр. гласна музика), решението е поставување на систем на ѕидна облога со исполна на меѓупросторот со Knauf Insulation минерална волна.

Пример за такво подобрување е докажан и со испитување на подобрување на изолацијата од воздушниот звук во лабораториски услови, во комора без странично проводување.

За системот на еднослојна ѕидна облога на метална потконструкција која е точкасто врзана за масивниот ѕид и со исполна на меѓупросторот со Knauf Insulation камена минерална волна NaturBoard FIT-G PLUS d=5 cm, измерената вредност на подобрување на изолацијата од воздушниот звук изнесува ∆Rw = 14 dB.

ИЗОЛАЦИЈА НА НАДВОРЕШЕН ЅИД ОД ВНАТРЕШНАТА СТРАНА

Изолацијата на надворешниот ѕид од внатрешната страна се препорачува само тогаш кога е невозможно да се изведе од надворешната страна.

Во тој случај, парната брана задолжително се поставува на потоплата страна на изолацискиот материјал, помеѓу Knauf Insulation минералната волна и гипс картонската плоча.

Овој начин на изолација е погоден и за простории кои привремено се користат и е потребно брзо загревање.

Препорачани производи

Упатства за примена