Суштината на вентилираната фасада е создавање на меѓупростор, т.е. слој на воздух за вентилација помеѓу надворешната заштитна фасадна обвивка и останатите слоеви, со цел да има непречена дифузија на водена пареа од внатрешноста кон надворешниот простор.
Вентилирана фасада е прв избор за деловни објекти, хотели и други ексклузивни објекти, поради супериорните термички карактеристики, квалитетот на завршната облога, естетскиот момент и трајноста на целокупната фасадна конструкција.
Клучните задачи на вентилацискиот слој се:
За да се исполнат овие барања, минималната дебелина на вентилацискиот слој треба да биде 2 cm и треба да се овозможи непречен проток на воздух во тој слој.
Отворите за вентилација по висината на ѕидот, за влез и излез на воздух, треба да имаат минимална површина од 50 cm2 по метар должен од ѕидот.
Должината на вентилацијата може да биде една или повеќе спратни висини или само висината на парапетот (според упатството на производителот на фасадата). Се препорачува посебна обработка на отворите за да се спречи продор на атмосферски влијанија и навлегување на инсекти и штетници во проветрениот меѓупростор.
Новите генерации на минерални волни со коефициент на топлинска спроводливост веќе од 0,034 W/mK пружаат одлична топлинска заштита погодна за сите видови на подлоги (тула, шуплив блок, бетон, гасбетон...). Дополнителна предност е температурниот комфор во лето, кога минералната волна поради својата структура и густина спречува топлината да влезе во објектот.
Минералната волна во вентилираниот фасаден систем нуди клучна предност - водената пареа непречено се пренесува преку ѕидот во вентилацискиот слој, без несакани појави како кондензација. Минералната волна со коефициент на паропропусност μ~1 (приближно како воздухот) е идеален избор за изолациски материјал од гледна точка на топлинска заштита и проток на водена пареа низ ѕидниот систем.
Проблемот на заштита од надворешната бучава обично го разгледуваме дури откако ќе се соочиме со него. Тогаш обично е предоцна, или е многу тешко да се реши еден од големите непријатели на современиот живот. Минералната волна, поради својата специфична влакнеста структура, обезбедува одлична изолација на внатрешниот простор од надворешната бучава.
Минералната волна е негорив материјал. Во систем на вентилирана фасада од клучно значење е да се оневозможи ширење на пожар во изолацискиот слој, бидејќи во тој случај објектот веднаш би бил зафатен од пожар токму преку вентилираниот слој, по целата висина на објектот!
Во зависност од видот на надворешната облога на вентилираната фасада, можно е низ фугите на облогата да навлезат атмосферски влијанија. Затоа изолацијата се заштитува со паропропусна-водонепропусна фолија која ќе овозможи непречен проток на водената пареа од внатрешноста кон воздушниот слој, а ќе оневозможи намокрување на минералната волна. Исто така, слојот од фолија ќе го оневозможи ефектот на ладење на изолацискиот слој и со тоа ќе обезбеди максимални перформанси на целиот склоп на фасадниот ѕид.