• Производи и системи
  • Оддели
  • Експертиза
  • Центар за преземање
  • Алатки и услуги
COPY_COPY_Green Roof-Urbanscape (3)

Зелени покриви

Zeleni pokrivi

Зошто зелени покриви?

Проектирањето на зградите се менувало со текот на времето, но нивната функција секогаш останувала иста: заштита и удобност, топлина во зима и свежина во лето.

Сепак, во последната деценија, влијанието што зградите го имаат врз животната средина станува сѐ поважно прашање, а зелените покриви природно се наметнаа како дел од решението.

Со развојот на поширок поглед на одржливост и животниот циклус на објектите, увидовме дека влијанието на секоја зграда врз животната средина произлегува од нејзината потрошувачка на енергија додека е во употреба, како и од користењето на обновлива енергија и користењето на одржливи материјали.

Зелените покриви одат чекор подалеку од обичното помодарство во современата архитектура, додавајќи нова вредност на улогата на зградите во урбанистичкото планирање. Осмислени се не само за да го вратат природниот елемент во урбаната средина, туку и за да обезбедат решенија за важни проблеми како што се ефектот на урбаните топлотни острови и третманот на атмосферските води.

Што е URBANSCAPE?

Urbanscape е иновативен, лесен систем, едноставен за поставување, со висок капацитет за задржување на вода, особено осмислен за зелени покриви на станбени, нестанбени и индустриски згради во градските подрачја.

Urbanscape се користи исклучиво за екстензивни зелени покриви (прочитајте повеќе за разликите помеѓу екстензивни и интензивни покриви).

Urbanscape зелениот покрив претставува комплетен систем кој се состои од противкоренска мембрана, дренажен систем со или без резервоар, супстрат – уникатен патентиран супстрат од камена минерална волна – и слој вегетација. Систем за наводнување се обезбедува во зависност од локалните климатски услови.

Urbanscape

1. Urbanscape покривач со мешавина од жедници

2. Urbanscape Green Roll супстрат

3. Urbanscape дренажен систем

4. Urbanscape противкоренска мембрана

5. Водонепропусна мембрана

6. Основна покривна конструкција

Видови URBANSCAPE системи

1. Big Scape - Систем на зелени покриви во ролни
Се препорачува за поголеми површини. Сите елементи на системот (противкоренска мембрана, дренажен систем, Green Roll супстрат и покривач со мешавина на жедници) се испорачуваат посебно во ролни.

2. Modular Roofs - Модуларен покрив во коцки
Се препорачува за помали површини (поедноставно поставување). Сите елементи на системот, освен противкоренската мембрана, се испорачуваат во коцки 50x50cm.

Urbanscape vidovi

Видови покриви погодни за монтажа на URBANSCAPE системи

Urbanscape системот на зелени покриви може да се монтира на сите видови покривни конструкции: на бетонски или челични површини, инвертни покривни конструкции или било кој друг вид материјали користени на покривите. Елементите на зелените покриви се исти во сите случаи, менуваат се само барањата за изолација и поставувањето на водонепропусната мембрана.

Предности на Urbanscape системот

Zazelenuvanje

Комплетно решение

Urbanscape системот на зелени покриви содржи комплетни слоеви подготвени за поставување кои му се испорачуваат директно на купувачот.

Благодарение на користењето на новиот, иновативен Urbanscape Green Roll супстрат, никаква посебна опрема не е потребна за поставување и одржување.

Zazelenuvanje

Мала тежина

Urbanscape Green Roll супстратот е во просек 8-10 пати полесен во споредба со традиционалните земјани супстрати и може да се користи во скоро секоја конструкција на зграда, без да ја загрози стабилноста на конструкцијата.

Може да задржи 3-4 пати повеќе вода во однос на својата запремина, во споредба со други супстрати за зелени покриви.

Zazelenuvanje

Ефикасно монтирање

Urbanscape подлогата осигурува значително помал интензитет на работа.

За доволен капацитет за апсорпција на вода и соодветна основа за раст на вегетацијата на 1000 m² зелен покрив потребни се 2-5 тони Urbanscape подлога, во споредба со преку 100 тони традиционални подлоги за зелени покриви. А цената е 30% пониска!

Zazelenuvanje

Висок степен на дистрибуција на вода

Urbanscape системот овозможува систем за наводнување и совршена дистрибуција на вода помеѓу вегетационите слоеви и Urbanscape Green Roll супстратот.

Неговата предност е што ја чува водата, за разлика од распрскувачите кои ја наводнуваат вегетацијата од горе.

Zazelenuvanje

Акустички перформанси

Urbanscape системот на зелени покриви го намалува загадувањето со бучава преку површинско апсорбирање и овозможува ублажување на неприфатливите нивоа на бучава кои влијаат на здравјето, безбедноста и благосостојбата на градското население.

Zazelenuvanje

Висок степен на апсорпција на вода

Urbanscape Green Roll супстратот обезбедува брза и долгорочно стабилна ре-апсорпција на вода и задржување на вода.

Во зависност од климатската зона, се користат различни видови Urbanscape Green Roll супстрати.

Zazelenuvanje

Топлотни перформанси

Urbanscape системот обезбедува долготрајно разладувачко дејство поради својот висок капацитет за складирање на вода.

Покривите со Urbanscape системот ја намалуваат топлината во споредба со покривите без вегетација, поради термичката маса, дополнителната изолација и испарувањето-транспирацијата.

Zazelenuvanje

Отпорност на пожар

Европската класа негоривост A1 е потврдена за Urbanscape Green Roll супстратот.

Според EN 13501-1, производите од класа A1 нема да придонесат за согорувањето во ниту една фаза на пожарот, вклучувајќи го и целосно развиениот пожар.

Zazelenuvanje

Одржливо решение

Urbanscape Green Roll супстратот се состои од различни мешавини на камен кои се широко застапени во природата.

Отворената структура на супстратот кој има мала тежина, промовира екстензивен распоред на корените и раст на растенијата!

Упатства за примена